• Latest

Руте: НАТО ќе продолжи да ги брани нашите луѓе, земји и иднина

October 1, 2024
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Руте: НАТО ќе продолжи да ги брани нашите луѓе, земји и иднина

October 1, 2024 12:04
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Мораме да обезбедиме Украина да опстои како суверена демократска држава, да ги зголемиме издвојувањата за одбранбените трошоци и да зајакнеме нашата колективна одбрана, порача новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте при пристигнувањето на церемонијата на примопредавање на должноста со досегашниот прв човек на Алијансата, Јенс Столтенберг во седиштето на Пактот во Брисел.

– Но, една работа нема да се промени, а тоа е основната мисија на НАТО – да обезбедиме одбрана на нашите луѓе, на нашите земји и на нашата иднина, потенцира Руте.

Тој нагласи дека благодарение на Столтенберг, НАТО денес е посилен и пообединет од кога било досега.

– За мене претставува голема чест да го нагледам на местото генерален секретар, додаде Руте.

Столтенберг, од своја страна, посакувајќи му добредојде на Руте, истакна дека во текот на својот 14-годишен мандат како холандски премиер тој покажал дека знае како да прави компромиси и да постигнува договори, што му дава одлични препораки за местото генерален секретар на НАТО.

– Со него на чело, НАТО е во добри раце, додаде Столтенберг.

Досегашниот генерален секретар се осврна и на неговите постигнувања на чело на НАТО во изминатите 10 години, потенцирајќи го зајакнувањето на одбраната на Алијансата, пред се на нејзиното Источно крило, зголемувањето на бројот на сојузници кои одвојуваат најмалку два отсто од својот БДП за потребите на одбраната – од три во 2014 на 23 во 2024 година, приемот на четири нови членки – Северна Македонија, Црна Гора, Финска и Шведска, како и засилената поддршката за Украина.

– Значи НАТО се промени и Руте како премиер беше дел од тие промени, додаде Столтенберг.

Запрашан за случувањата во Либан, Столтенберг одговори дека НАТО ќе продолжи да ги поддржува напорите на своите членки и партнери за деескалација на состојбата, прекин на непријателства и изнаоѓање политичко решение, како во Либан, така и во Газа.

Во однос на очекувањата од претседателските избори во САД во ноември, Руте одговори дека не е загрижен околу изборниот исход, нагласувајќи дека добро ги познава и двајцата кандидати и има искуство во соработка со нив.

– Соработував со Доналд Трамп четири години. Тој не притискаше да трошиме повеќе (за одбраната) и успеа во тоа, бидејќи ние сега издвојуваме многу повеќе во споредба со 2017 година. Тој не притискаше (да внимаваме) на Кина и мислам дека беше во право, рече Руте,

Во однос на Камала Харис, Руте оцени дека таа вршела одлична работа како потпретседателка на САД и дека е многу почитувана.

– Така што, можам да соработувам и со двајцата, заклучи Руте.

Фото: Скриншот

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ