„Инспекторите се на терен, до крајот на работниот ден треба да добијам извештај, не би сакал да шпекулирам“, за ЦИВИЛ Медиа кусо одговори Јовица Стојановиќ, директор на Управа за извршување на санкции, во врска наводното бегство на осудениот за убиството на Мартин Нешковски, поренашниот полицаец Игор Спасов.
Во дел од медиумите се прошири информација дека Спасов најверојатно побегнал од затворот, па потоа самиот се вратил.
Од Управата не сакаат да го коментираат случајот се додека не добијат извештај за тоа што се случувало внатре. Не е познато ниту дали Спасов навистина бил префрлен од затворено во отворено одделение.
Директорот на затворот Идризово не е достапен за коментар.
Игор Спасов од раните утрински часови е во самица во затворот „Идризово“.
М. И.