Aмериканската амбасада во Република Северна Македонија излезе со кус став по однос на прашањето за вчерашната инаугурација на новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова.
Соединетите Американски Држави остануваат цврсто посветени на Договорот од Преспа и на евроатлантските интеграции на Северна Македонија, се вели во соопштението од амбасадата.
„Откако ќе се формира нова влада и ќе се избере премиер, ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори и придобивките од напредокот на државата со полноправно членство во Европската Унија“, пишуваат од амбасадата на САД.
Силјановска Давкова давајќи свечена изјава во Собранието наместо уставното име Република Северна Македонија користеше само Македонија.
Извор: РСЕ