„Се информираме сè почесто од електронските медиуми. Има се помалку локални медиуми. Потребен е медиум и во Општина Долнени“, изјави Емран Саитовски, одговорен за односи со јавноста во Општина Долнени. ЦИВИЛ Медиа со Саитовски разговараше на тема слободни медиуми.
„Медиумите уште не се ослободни, посебно по она голгота околу изборите. Треба да се дозволи тие самите да се изразуваат, зборуваат и да го пишуваат она што го мислат, а не другите што ќе им наметнат“, изјави Саитоски.
Биљана Јордановска
Камера: Дехран Муратов
Овој проект е финансиран од Европската Унија преку програмата за мали грантови „Заштита на слободата на медиумите и слободата на изразување во Западен Балкан“ спроведена од Здружението на хрватските новинари, како дел од регионалниот проект „Регионална платформа на Западен Балкан за слобода на медиумите и безбедност на новинарите”, спроведена преку партнерство на шест регионални новинарски здруженија – Здружение на независни новинари на Србија, Здружение на новинари од Босна и Херцеговина, Здружение на новинари на Хрватска, Здружение на новинари на Косово, Здружение на новинари на Македонија и Синдикатот на медиуми на Црна Гора.