• Latest

Саитов: Патот до Аушвиц е направен од омраза, а поплочен со рамнодушност

August 6, 2018
Фото: ЦИВИЛ

Отворен јавен повик: Студентите добиваат ваучери за електронски уреди

November 17, 2025
Скриншот од видео на UNITED 24

По 39 години од нуклеарната катастрофа, нова трагедија предизвикана од Кремљ: Вдовицата на првата жртва од Чернобил  убиена во рускиот напад врз Кијив 

November 17, 2025
Фото: Фејсбук Јетмир Асани

Ноќна забрана за фрлање ѓубре: Скопје воведува казни од 50 до 1.800 евра

November 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

САД го означуваат венецуелскиот картел како странска терористичка организација

November 17, 2025
Скриншот од видео 60 minutes/CBS

Трамп ги охрабрува републиканците да гласаат за објавување на досиејата на Епштајн, означувајќи силен пресврт

November 17, 2025
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Саитов: Патот до Аушвиц е направен од омраза, а поплочен со рамнодушност

August 6, 2018 14:36
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Втора година по ред во Македонија со комеморација се одбележа Денот на геноцидот врз Ромите во Втората светска војна – 2 Август, согласно со Резолуцијата која Европскиот парламент ја усвои на 15 април 2015 година.

Европскиот ден на геноцидот врз Ромите се одбележува на 2 август – датумот на кој во 1944 година во гасни комори биле убиени  2 897 Роми и Синти во т.н. цигански логор во Аушвиц-Биркенау во окупирана Полска. Во логорите на смртта низ цела Европа во Втората светска војна се смета дека се убиени околу половина милион Роми.

– Конечниот број на убиени Роми не се знае затоа што нема податоци. Како и денес, многумина од нив немале лична идентификација и често биле броени само како трупови без потврден идентитет. До крајот на војната се смета дека големината на ромската популација е намалена на само 20-30 отсто од таа што била на почетокот. Околу геноцидот во Втората светска војна најмалку се знае за ромскиот холокауст или параимос, рече на комеморацијата министерот без ресор Аксел Ахмедовски, задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми 2014-2020.

Апелираше повеќе да се зборува и да се знае за прогонот на Ромите, кои и денес се најизложени на стереотипи и дискриминација.

Денот на геноцидот врз Ромите

– Не можеме да прифатиме дека лекцијата од холокаустот се уште не е научена, ниту да бидеме отпишани од историјата, затоа што историјата се повторува. Денес, во 21 век, и натаму остануваат стереотипи и предрасуди кои се еднакви на расна дискриминација, рече Ахмедовски, додавајќи дека ЕУ и институциите треба да преземат сериозни акции против прокламирањето расна нетрпеливост.

Забележа и дека македонските медиуми на 2 август биле фокусирани, како што рече, на дневно-политички настани и дека освен на социјалните медиуми речиси и немало информација за геноцидот извршен врз Ромите во Втората светска војна. Затоа, рече Ахмедовски, во иднина како министер ќе се заложи ромското прашање да биде повисоко на агендата на Владата.

– Патот до Аушвиц е направен од омраза, а поплочен со рамнодушност. Индиферентноста, немањето емпатија и солидарност од останатите луѓе им помогнаа на нацистите во тој период. А сега живееме во време кога поделбите меѓу нас се подлабоки, рече Силхан Саитов, проектен менаџер на здружението „Ромаверзитас – Македонија“.

Дискриминацијата и говорот на омраза кон ромската етничка заедница, рече тој, ја има и во изјавите на јавни личности во земјава, а позагрижувачко е нивното одобрување во јавноста. Затоа, рече, денешната комеморација треба да служи како предупредувачки сигнал, а  злосторствата од минатото да бидат признати поради нанесената неправда. Очекува фактот за геноцидот врз Ромите да биде и официјално признат.

– Во Австрија, Албанија, Германија, Украина, Унгарија, Франција, Србија, Хрватска и во многу други европски земји, Ромите се официјално спомнати и признати како жртви на геноцидот. Во Македонија е инициран процес за признавање и очекувам дека Собранието на Република Македонија ќе ја следи праксата на многуте европски земји, истакна Саитов.

Денот на геноцидот врз Ромите

На комеморацијата, која во присуство на претставници на меѓународната заедница и дипломатскиот кор се одржа во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Република Македонија, беа презентирани податоци за прогонот на Ромите и Синтите во Втората светска војна. На нивниот геноцид  му претходело истражување на нацистичкиот доктор Роберт Ритер со кое требало да се „оправда“ идеологијата според која овие луѓе не треба да постојат, а потоа дехуманизација, гетоизирање и депортација.

Заедно со околу шест милиони Евреи, Словени, комунисти и неистомисленици на нацистичката идеологија, Ромите биле истребувани во 12 концентрациски логори на територијата на Европа. Официјалниот број на убиени Роми, според пронајдените документи, е 285.650, но истражувачите на ромскиот геноцид сметаат дека бројот надминува половина милион. (МИА)

Tags: Ден на холокаустот врз Ромитеодбележување
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Eве зошто ВМРО-ДПМНЕ не сака да влеземе во ЕУ 

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ