• Latest

Грковска: Сајбер безбедноста, клучен елемент во одбраната на секоја држава

December 6, 2022
Фото: Скриншот од видео на DW

Седуммина милитанти на Ал Шабаб облечени како војници упаднале во сомалиски затвор, владата тврди дека сите се убиени

October 5, 2025
Фото: Креирано со помпш на ВИ

Од Мароко до Мадагаскар, генерацијата Z го пренесува дигиталниот бунт на улица – каде сме ние?

October 5, 2025
Демонстрантите се соочуваат со агенти на ICE во Чикаго, Илиноис Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп одобри распоредување на 300 војници на Националната гарда во Чикаго, федерален судија привремено го блокира распоредувањето на 200 војници во Портланд

October 5, 2025
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ

Грковска: Сајбер безбедноста, клучен елемент во одбраната на секоја држава

December 6, 2022 14:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ХИБРИДНИ ОПЕРАЦИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија стана 103. членка на Глобалниот форум за сајбер експертиза (Global Forum on Cyber Expertise – GFCE), организација во која членуваат и соработуваат владите на најразвиените земји во светот на темата сајбер безбедност, организации како ОБСЕ, Светска банка, ОН, ЕУ,  Совет на Европа, Интерпол и други, како и стопански комори и приватни компании кои работат на оваа тема, соопшти вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска во обраќањето на 18. меѓународна конференција e-Општество.мк посветена на „Кибер отпорност за слобода и безбедност“.

Владата на Северна Македонија со сите министерства и институции кои се посветени на оваа област, во рамките на GFCE ќе работат на четири теми: Политики и стратегии, менаџмент на инциденти и заштита на инфраструктурата од сајбер напади, сајбер криминал, сајбер култура и градење на капацитети.

Истовремено, информираше Грковска, наредната недела, во соработка со E-governanceacademy, организација од Естонија која ги помага процесите на дигитална трансформација во повеќе држави, ќе биде организирана симулациска вежба за сајбер безбедност „Strategic Cyber security table-top exercise“, на кои ќе присуствуваат претставници од речиси сите министерства во Владата и владини агенции кои имаат надлежност во делот на сајбер безбедноста.

-Целта на оваа симулациска вежба за сајбер безбедност е подигање на свеста за сајбер заканите кај високото раководство, развивање на вештини за управување со сајбер кризи, увид во организациската поставеност при донесување одлуки при вонредна состојба и информирање за стратегиите и акциските планови за справување на ризици, рече Грковска во видео обраќањето.

Исто така, како што кажа, оваа симулациска вежба треба да овозможи подобар одговор на владините институции на евентуални сајбер напади, закани што стануваат се пореални и во нашето општество, а воедно и да се обучат носителите на одлуки при вакви напади.

-Сајбер безбедноста е клучен елемент во одбраната на секоја држава и од исклучително значење за Република Северна Македонија е зајакнување на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста, и заедно со меѓународните партнери ќе продолжиме силно да работиме и да се развиваме на оваа тема, за да ги достигнеме ЕУ стандардите на сајбер безбедно оштество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од сајбер напади, рече вицепремиерката додавајќи дека мора да биде изградена доверба кај граѓаните во дигиталните услуги, без да се наруши нивната приватност.

-Предуслов за овој процес да успее е активна вклученост и посветеност на сите институции, на сите вработени во администрацијата. Свесна сум дека ќе има отпор. Свесна сум дека некои навики тешко се напуштаат, но и исто така сум свесна дека дигиталната трансформација на општеството е најдобрата алтернатива за создавање поефикасни и потранспарентни институции отпорни на корупција, вели Грковска.

Дигитална трансформација на општеството е процес што треба да биде сеопфатен, да се обезбеди целосен консензус, а со тоа да се обезбеди и континуитет. Рече дека во следнмиот период се фокусирани на воведување електронска лична карта, но исто така дека и како општество мора да работиме на сајбер безбедност.

-Секако предуслов за ефикасна дигиталната трансформација на општеството е воспоставување на електронска лична карта која обезбедува електронска идентификација и електронски потпис, а услугите можат да се користат со еден акаунт, рече таа.

На сајбер безбедноста, како што исткна, не треба да гледаме како на трошок, туку како на инвестиција која од една страна ја штити нашата држава и нашите граѓани од надворешни напади, но од друга страна овозможува и јакнење на довербата на граѓаните во институциите и во системот.

Државниот секретар за одбрана Владимир Анчев зборувајќи за украинската војна, кризата и водењето неконвенционална војна исто така со кибер напади како и зголемувањето на потребата за користење на технологијата ја зголемува потребата на земјата за воспоставување система за сајбер одбрана.

-Новиот хибриден начин на војување често се дефинира како петта димензија во војувањето, а сајбер просторот е онаму каде што овие битки се водат, рече Анчев кој додаде дека во последниов период има зголемен број сајбер напади во земјите од регионот како во државни институции, банките, НВО, и друго.

Свесни сме, рече тој, за сите сајбер напади што ги добива Северна Македонија за поддршката што и ја дава на Украина.

Се осврна на она што, меѓудругото, го презема министерството за одбрана во однос на сајбер одбраната на земјата. Креиран е воент тим за одговор на сајбер просторот кој во мометов ги детектира потребите од персонал и за развој на човечките способности и вештини, во НАТО активности и воени вештини, се инвестира во кадри и нивно задржување особено во системот за сајбер одбрана.

Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Северна Македонија, истакна дека се проценува дека еден трилион американски долари е штетата што е предизвикана од кибер напади во светски рамки односно дека станува 1 процент од БДП. Нема сомнеж, додаде тој, дека сајбер просторот сега е простор и за војна потенцирајќи дека Русија прави кибер напади за да предизвика страв и како пример посочи на нападот од 14 јануари кога како цел биле 17 веб – страни во Украина со пораки напишани на украински, руски и лош полски јазик: Плашете се и чекајте го најлошото. Подоцна преку сајбер просторот биле нападната инфраструктурата на институциите, додаде Гир.

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп истакна дека не треба само да се зборува за проблемите со сајбер безбедноста туку истовремно дека треба да се работи на изнаоѓање системски одговори на овие предизвици. Тој исто така посочи на низа проекти што ги поддржуваат а се однесуваат на сајбер безбедноста.

Кога се работи за сајбер безбедноста, истакна во своето обраќање англискиот амбасадор Метју Лосон, размислете кој го поседува интеренет, кој го користи и кој го регулира и за да се најде баланс помеѓу слободата и користењето на интернет е исклучителен предвизик и задача.

Тој посочи на статистички податоци за користењето на интернетот и мобилната телефонија, како и за погодностите од користењето на новите технологии, но и дека за зголемувањето на ризиците за злоупотреби на интернетот и сајбер напади од поединци и организирани групи на нов и посуптилен начин. Ова е загрижувачки проблем и Владата на Обединетото кралство, рече тој, препознава ризици. Основан е Центар за сајбер безбедност. Штетата што е предвизикана од сајбер криминалот е навистина огромна и во ланскиот извештај стои дека во Британија е проценета на 27 милијарди фунти. Најмногу се оштетени, како што кажа тој, британските бизниси.

Бардил Јашари, извршен директор на Фондацијата Метаморфозис, меѓудругото, истакна дека од суштинска важност посветено и инклузивно да се работи на негување на култура на кибер-отпорност, заеднички со сите засегнати страни, како и дека во последниот период сите земји од регионот се засегнати од кибер напади.

Годинашното издание на е-Општество.мк се состои од седум панел дискусии, два инспиративни говори, една ТВ дебата и едно прикажување на филмот „Сестри“ од Дина Дума (во Кинотека). Активисти, експерти, новинари, државни службеници и поддржувачи од регионот на Западен Балкан и пошироко, се најавува, ќе ги споделат своите ставови и размислувања за дигиталната трансформација на јавната администрација и општествата во Западен Балкан, почитувањето на човековите права во онлајн просторот, надзорот и биометриската обработка на податоци, приватноста, последиците од сајбернасилството во реалниот живот, како и надминување на родовиот јаз во сајбер-безбедноста.

Конференцијата ќе содржи и дискусии за дезинформациските наративи, ефектите од дезинформациите и странските штетни влијанија врз демократијата на Северна Македонија, како и за безбедносните закани за демократијата и европските напори во борбата против дезинформациите.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГрковскаДирк Јан КопметаморфозисМетју Лосонхибридни закани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ