• Latest
Чапутова Сакеларопулу

Сакеларопулу – Чапутова: Руската инвазија создаде енергетска опасност и бегалска криза

September 6, 2022
Фото: Rosneft.de

САД привремено ги ослободија од санкции подружниците на Роснефт во Германија

October 29, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Кампањата финализира со нови ветувања, поддршка за кандидати, додека победниците ги верифицираат мандатите

October 29, 2025
Фредерик Лејдквист, директор на Стокхолмскиот центар за источноевропски студии (SCEEUS) во Шведскиот институт за меѓународни односи. Фото: Stockholm Institute of Transition Economics (SITE)

Фредерик Лејдквист од Шведскиот институт за меѓународни односи: Студената војна сега би била најдоброто сценарио

October 29, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Сакеларопулу – Чапутова: Руската инвазија создаде енергетска опасност и бегалска криза

September 6, 2022 18:23
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Чапутова Сакеларопулу

Чапутова Сакеларопулу

Share on FacebookShare on Twitter

Словачката претседателка Зузана Чапутова на денешната средба во Атина со грчката колешка Катерина Сакеларопулу изјави дека руската инвазија создаде и енергетска опасност од недостаток на храна, како и бегалски бранови, истакнувајќи дека справувањето со овие кризи може да биде ефикасно само преку тесна соработка и покажување солидарност, јави дописничката на МИА од Атина.

Претседателката на Словачка истакна дека руската агресија тие директно ја чувствуваат, со оглед на тоа дека Украина е нивен сосед, а војната предизвика и бегалска криза.

Сакам да ве информирам дека за време на војната низ нашата земја поминаа повеќе од 700.000 украински бегалци, од кои 90.000 останаа привремено во нашата земја. И секако, како што рековме, кризите се справуваат со блиска соработка меѓу земјите кои споделуваат исти вредности, порача Чапутова.

Таа порача дека „во денешниот свет, во денешната меѓународна рамка, како земји имаме заеднички вредности и затоа заедно треба да им се спротивставиме на кризите, на претстојната и на постоечката, на енергетската и климатската криза“.

Во претседателската палата во Атина, за време на првата официјална посета на Чапутова на Грција, двете претседателки се осврнаа и на билатералните односи и соработката.

Сакеларопулу истакна дека делат заеднички принципи и вредности и имаат иста посветеност на меѓународното право.

Како земји-членки на Европската унија и сојузници во НАТО, експлицитно и недвосмислено ја осудивме руската инвазија на Украина, која ги оспорува основните концепти на меѓународното право, како што се неповредливоста на границите и правото на суверен народ да ја избере својата политичка ориентација. Оваа инвазија го сруши безбедносниот систем што беше макотрпно изграден во Европа по Втората светска војна, загрозувајќи го мирот и на нашиот континент и во целиот свет, нагласи Сакеларопулу.

Веднаш по средбата со Сакеларопулу, претседателката на Словачка се сретна и со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а станало збор за прашања од меѓународен, регионален и европски интерес со акцентот на енергетиката и зелената транзиција.

Како што информираа од кабинетот на Мицотакис, грчкиот премиер ја истакнал потребата за заедничко справување со енергетската криза, во пресрет на состанокот на министрите за енергетика на Европската унија на 9 септември, потенцирајќи дека главните предизвици за европското единство бараат храбри европски одлуки за поддршка на домаќинствата и бизнисите.

Мицотакис на средбата посочил и дека „ревизионизмот и промената на границите не можат да се толерираат, како што покажа руската инвазија на Украина“, а се осврнал и на грчко–турските односи истакнувајќи дека цврстата позиција на Грција е дијалогот заснован на меѓународното право, меѓународното право на морето и добрососедските односи.

Тој додаде, како што информираа од неговиот кабинет, дека е неприфатливо Грција да добива закани кои стигнуваат до оспорување на грчкиот суверенитет од земја која е сојузник во НАТО.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ