„На Русија најголеми сојузници се националистичките политички лидери кои ги има неколку во Западен Балкан и токму затоа треба да сме внимателни, мирот не е нешто со кое треба да се коцкаме исто како и демократијата и токму денеска можеме да видиме дека демократијата не е дестинација и цел, туку е патека која треба да се пешачи секој ден, а војната во Украина ни покажува што во некоја смисла фашизмот може да направи на глобално ниво“, вели Самир Бехариќ, претставник на иницијативата „Балкан Форум“ во Босна и Херцеговина, кој учествуваше на дводневната конференција на мрежата „Logex“.
Според него, руската агресија врз Украина веќе влијае на целиот свет, а ќе влијае и во иднина, особено на Балканот каде е познато дека се воделе многу војни и сè уште има конфликти, а руското влијание е особено истакнато во Србија и Босна и Херцеговина, најмногу преку медиумите, дезинформациите на целиот Балкан, што значи руската агресија не е само закана за Украина туку е агресија и врз земјите од Западен Балкан.
*
Заедницата LogEx е основана во декември 2021 година. Тоа е партнерство помеѓу универзитети и академици, граѓански организации и бизнис актери од Западен Балкан и дијаспората во регионот. LogEx е конзорциум од различни организации со заедничка идеја како што е циркуларната економија, безбедноста, развој на стратегии како да продолжи фокусот на овие теми, со цел да се промовираат и да се вклучат различни субјекти од општеството, како бизнис секторот, локалните власти, централните власти, со цел да се подобри законодавството како и мерките кои треба да бидат поддржани. Примарната цел е како да се привлече вниманието на младите за да бидат посвесни за потенцијалот, личниот развој и секако вработувањето преку циркуларната економија.