ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција претстави дел од своите кандидати за градоначалници за престојните локални избори, а останатите ќе бидат соопштени во следните денови. Како што рече потпретседателот на партијата Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ годинава излегува со најголем процент нова генерација на политичари кои ќе создадат нова понуда за сето она што е потребно во општините.
Новите кандидати според Николовски се нови и енергични лица, со исклучително богато професионално и лично искуство, спремни да се посветат на општините што ги водат.
„Во изборот на кандидати за градоначалници се водевме пред сè од мислењето на граѓаните, па ова се лица со највисок рејтинг и поддршка од народот од населените места од кои што доаѓаат“, рече Николовски.
Инаку од соопштените имиња, предоминантни се мажите, но Николовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека ќе имало жени во следните денови.
Ова се досегашните имиња:
Општина Центар – Наташа Котлар, доктор по компаративна историја
Општина Кисела Вода – Орце Георгиевски, организациски секретар на партијата
Општина Сопиште – Стевче Трповски, актуелен градоначалник
Општина Кочани – Љупчо Папазов, бизнисмен
Општина Петровец – Борче Митевски, актуелен градоначалник
Општина Илинден – Александар Ѓоргиевски, магистер по политички науки од МТСП, советник во општината
Општина Штип – Иван Јорданов, актуелен пратеник
Општина Велес – Марко Колев, од невладиниот и од бизнис секторот
Општина Радовиш – Александар Ристов, експерт од областа на енергетиката и стопанственик
Општина Конче – Златко Ристов, детектив и поранешен бранител
Општина Босилово – Ристо Манчев, магистер по економски науки и консултант
Општина Валандово – Тони Узунов, стопанственик
Општина Богданци – Маријан Пеев, вработен во општината
Општина Дојран – Филип Дончовски, инженер по шумарство и раководител на прочистителна станица во Нов Дојран
Општина Гевгелија – Андон Сарамандов, стручњак по земјоделски науки
Општина Неготино – Горан Стојанов, доктор интернист и раководител на Итната медицинска помош
Општина Демир Капија – Андон Донев, наставник
Општина Росоман – Тихомир Николов, ИТ-инженер
Општина Прилеп – Борче Јовчевски, сметководител во Агенцијата за храна и ветеринарство
Општина Кривогаштани – Александар Богдановски, раководител
Општина Могила – Слободанчо Саботковски, земјоделец и агент за продажба на осигурителни полиси
Општина Новаци – Стевче Стевановски, агроном
Општина Вевчани – Спасе Кочовски, социолог
Општина Брвеница – Јовица Илиевски, здравствен работник во Клиничкиот центар Тетово и физиотерапевт
Општина Јегуновце – Димитар Костадиновски, специјалист по маркетинг
Општина Гази Баба – Бобан Стефковски, магистер по безбедносни науки од Министерството за труд и социјална политика, совеник во општината.
Николовски истакна дека сè уште се разгледува кој ќе биде кандидат за Град Скопје.












