• Latest

Сарачини: 20-те години на ЦИВИЛ зборуваат сами за себе

November 29, 2019

24 ЧАСА: Четрстотини невработени ќе гасат пожари за 400 евра; Велев алармира – недозволиво е 5 лица да одлучуваат за терапијата на 40.000 дијабетичари; Трамп со закана за 10% царини кон поддржувачите на БРИКС

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на Real News

Рускиот министер за транспорт се самоубил откако Путин го разрешил 

July 7, 2025
Фото: Фејсбук на Азир Алиу

Алиу, еден месец министер за здравство: Граѓаните пријавиле мито, непружање здравствена услуга, игнорирање пациент

July 7, 2025
Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва. Фото: Астра/ Телеграм

Украински дронови погодиле руска хемиска фабрика во близина на Москва, нападната и големата рафинерија во рускиот Краснодарски крај

July 7, 2025
Фото: ЦУК

Прва човечка жртва во пожарот кај „Лепенец“ во Ѓорче Петров

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CBS Morning News

ДеСантис брза да отвори центар за притвор на имигранти во мочуриште сред сезона на урагани

July 7, 2025
Босански бегалци од Сребреничката енклава во камиони на УН

30 години од геноцидот во Сребреница и ризикот од понатамошни злосторства сега

July 7, 2025
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Локалните избори ќе се распишат во првата половина на август, нема најава за измените во Изборниот законик

July 7, 2025
Фотографија: МИА

Четиристотини невработени лица ќе бидат ангажирани за превенција и справување со пожари

July 7, 2025
Фото: МИА

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата во Косово не прифаќа ниту тајно гласање, ниту по 43-ти пат не успеа конституцијата на собранието; Ќе се изградат два моста на реката Ибар, Српска листа со петиција против, ЕУ бара инклузивност во процесот на изградбата

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Сарачини: 20-те години на ЦИВИЛ зборуваат сами за себе

November 29, 2019 13:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Конференцијата „Меѓу стремежите и реалноста“ ја отвори Петрит Сарачини, дирекотр на Фестивалот на слободата 2019 по повод 20 години ЦИВИЛ.

„Добро ни дојдовте на првиот од серијата настани со кои ЦИВИЛ слави 20 години постоење и активно делување во нашето општество.  Наместо вообичаените коктели и прослави, славиме работно,  со ангажирани собири и настани. Како и секогаш, ЦИВИЛ е тука да биде платформа, преку која наши еминентни стручњаци, интелектуалци, уметници, активисти, заедно со институциите, низ различни форми на изразување, ќе изнесат видувања за предизвиците пред нас, но уште поважно, визии и решенија за наша заедничка, подобра иднина.

Чест е што за старт на овој Фестивал на слободата имаме ваков импресивен панел на ветерани и лидери на граѓанското општество, а особено ни е драго што е со нас и претседателот на нашата Република, нашиот соборец и другар Стево Пендаровски. Искрено му благодариме што дојде да ја отвори конференцијата, имајќи ја предвид презафатената агенда што ја има во овие денови.

А, кои беа и кои се клучните предизвици во годините зад нас и пред нас? Како до повидлив и повлијателен граѓански сектор и подобри резултати во иднина? Имаме големи успеси, но очигледно и многу работа пред нас – на што треба најмногу да се посветиме?  Ова се важни прашања, кои ќе бидат во фокусот на денешната дискусија.  Верувам дека ќе дојдеме до содржајни и концизни одговори, базирани на големото искуство, стручност и познавања на присутните учесници во повеќе области, во кои делуваат.

Освен со претседателот Пендаровски и неговиот кабинет, ставовите и видувањата од оваа конференција ќе бидат документирани и објавени и на медиумските платформи на ЦИВИЛ на три јазика, и достапни за сите наши сограѓанки и сограѓани, и целата домашна и меѓународна јавност.

Дозволете накусо да ви ги најавам и останатите два настани во Музејот на Град Скопје, на кој му благодариме од срце за гостопримството и поддршката. На 3 декември, Денот на лицата со посебни можности, ја имаме дискусијата со наслов „Рампа“, на која претставници на засегнатите ќе дебатираат со градоначалникот Шилегов и советници од МТСП кои работат на овие прашања, а во фокусот ќе бидат пристапот до институциите и јавните простори и деинституционализацијата.

И, вечерта на 10 декември, Меѓународниот ден на човекови права, сите љубители на ангажираната уметност ги повикуваме да дојдат и да уживаме заедно во различни мултимедијални содржини, изложба, поетски перформанси, видео-фест на успешни активистички приказни од цел свет, настап на нашите познати диџејки Соња Исмаил и Марга сол и диџеј Дино, и мини концерт на нашиот авангарден бенд Фолтин. Повеќе детали за овие и другите настани на нашата јубилејна програма можете на најдете на медиумските платформи на Цивил.

За биографијата на Цивил и овие 20 години борба за човекови права и слобода на изразување, трпеливото и упорното градење мир, подобри меѓуетнички односи, подобри изборни процеси, борба за социјална правда, подобра животна средина, образование… нема да зборувам. Дваесет години зборуваат сами за себе. А за нив, ви благодариме вам, што верувавте и верувате во нас“, изјави Сарачини.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ