За време на апсењето, СБУ го застрела членот на украинската преговарачка делегација во Хомел, Денис Киреев. Тој бил осомничен за предавство, велат високи соговорници од политичките кругови, пренесува Киевска Правда.
“.Според соговорниците, украинската Службата за безбедност имала јасни докази за предавството на Киреев, вклучително и телефонски разговори.
„Тој беше агент. Вие самите знаете зошто се убиваат агенти“, изјави анонимен извор.
Криеев учествуваше на преговорите меѓу делегациите на Украина и Русија во Гомел на 28 февруари. Како завршил во украинската делегација и за што конкретно бил одговорен не се знае.
Од достапните информации, се знае дека Киреев бил банкар. Во 2010-2014 година, тој бил прв заменик-претседател на одборот на Ошадбанк, а пред тоа бил член на надзорниот одбор на Укрексимбанк.
Д.М.