Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисиите за прашањата на изборите и именувањата и Законодавно-правана комисија.
На дневен ред на Комисијата за прашањата на изборите и именувањата се Предлог – одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“, Предлог – одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“.
Членовите на Комисијата треба да ја разгледаат и Предлог – одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“.
Законодавно-правната комисија, пак, ќе расправа по Предлог – законот за финансиска поддршка на инвестиции, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, како и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за консолидација на земјоделско земјиште, сите во прво читање.
извор: МИА