Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за финансирање и буџет, за економски прашања, за политичките систем и односи меѓу заедниците, како и Законодавно-правата комисија.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе го разгледува Извештајот на Европската комисија за Република Македонија за 2018 година.
Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзанин и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за периодот од 15.09.2017 до 15.03.2018 година е на дневен ред на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците.
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет се измените и дополнувањата на Законот за ревизија, Законот за хартии од вредност, и за Законот за Кредитно биро, сите по по скратена постапка и во второ читање.
Извор: МИА