• Latest

Седници на повеќе собраниски комисии

April 10, 2018

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Седници на повеќе собраниски комисии

April 10, 2018 09:21
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за култура, образование и наука, за европски прашања, за здравство, за прашања на избори и именувања и за одбрана и безбедност. 

Комисијата за одбрана и безбедност, која од четвртокот беше одложена за денеска, треба да расправа за предлог-законите за следење на комуникациите и за ОТА, како и за измените и дополнувањата на Законот за оружјето, во прво читање, кој е со европско знаменце. Овие измени се на дневен ред и на собраниската седница на Комисијата за европски прашања.

Пратениците на Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да ја утврдат Предлог – одлуката за разрешување и именување на претседател и членови на Управниот одбор на Агенцијата за цивилно воздухопловство. Тие исто така треба да гласаат за одлуки за промена на составот на пратеничките групи на Собранието со парламенти на други држави и на собраниски комисии.

Комисијата за култура ќе расправа за Предлог – националната стратегија за развој на културата во Република Македонија во периодот 2018 – 2022 година, со Акциски план за имплементација на Националната стратегија за развој на културата во Република Македонија за периодот 2018 – 2022 година, во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за здравство се измените на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, на Законот за санитарната и здравствената инспекција, на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, на Законот за лековите и медицинските средства, сите поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство и во второ читање.


извор: МИА

Tags: комисииседнициСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ