• Latest

СДСМ го смени политичкото делување – наместо граѓаните да слушаат говори, функционерите слушаат нивни предлози

November 1, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СДСМ го смени политичкото делување – наместо граѓаните да слушаат говори, функционерите слушаат нивни предлози

Антикризните мерки кои Владата ги подготви за престојната зима се највисоки во регионот, а освен директната финансика поддршка на 42 илјади граѓани од ранливите категории и 330 илјади пензионери, Владата од самото нејзино формирање е посветена и на раст на платите и пензиите.

November 1, 2022 12:39
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Граѓанските трибини на СДСМ, кои деновиве се актуелни низ македонските градови, се уште еден чекор во насока, која партија ја презеде, за менување на начинот на водење политика и преку тоа доближување до граѓаните. Иако изминатите децении сме навиканти на поинакво политичко преставување, сега наместо класични митинзи, на кои само беше важна бројката на присутни и имаше еднонасочна комуникација од функционерите кон народот, на овие трибини на владините и партиските функционери од СДСМ со граѓаните најважни се разговорите и дебатата, односно непосредно објаснување на политиките на Владата, но и поважното – слушањето на предлозите кои доаѓаат од граѓаните и нивното имплементирање во владините приоритети.

Новиот метод на делување промовиран од Димитар Ковечевски е во време на економска и енергетска криза, токму тогаш кога им е најпотребно на граѓаните да знаат дека државата е тука за нив, дека е меѓу нив, ги слуша нивните потреби и крои мерки со кои се обидува да им го олесни животот. Антикризните мерки кои Владата ги подготви за престојната зима се највисоки во регионот, а освен директната финансика поддршка на 42 илјади граѓани од ранливите категории и 330 илјади пензионери, Владата од самото нејзино формирање е посветена и на раст на платите и пензиите.

Практично, владите на СДСМ уште од 2020 година откако започнаа со пакет економскте мерки во екот на пандемијата немаат престанато со финансиската помош насочена кон граѓаните. Веќе трета година економскиот владин тим, во координација со стопанските комори и синдикатите, наоѓа решенија како да им излезе во пресрет на граѓаните и компаниите.

Ако се суди според атмосферата, а со оглед на фактот дека немаме изборна кампања, тогаш е очигледно дека на граѓанските трибини преовладува оптимизам за досегашните постигнати успеси и јасниот поглед на Владата кон иднината. И покрај предупредувањата за тешката зима која претстои, сепак смирувачките зборови на владините функционери ги прават граѓаните со поголема доверба, особено кога знаат дека деновиве започнува имплементацијата на новите мерки за финансиска помош.

А што носи Ковачевски пред граѓаните кога ги повикува активно да учевствуваат во креирањето владини политики? По долги години занемарување на процесите со Брисел, Скопје конечно ги започна преговорите со Европската Унија, со заштитен јазик и идентитет, и покрај манипулациите и лагите на опозицијата дека тие се продадени и загрозени. Токму регионалната соработка и соработката со ЕУ ни помогнаа да се обезбедиме енергенси и храна за престојната зима. Овие успеси му овозможија на Ковачевски со нова енергија да се појави меѓу граѓаните, за да ги слушне нивните ставови и предлози. Уште на ова ако се дополни дека во изминатите пет години СДСМ истурка и реши уште две големи меѓународни прашања, како членството во НАТО и признавањето на МПЦ, тогаш Ковачевски нема од што да се плаши на терен, освен да ги повика сите да придонесат со свои мислења и сугестии во работата на Владата.

Во превод, нашата држава не влезе во еконосмко- енергетската криза скарана со ЕУ или со државите во регионот, туку како држава- пријател на сите во опкружувањето, па и на Брисел. На состаноците со ЕУ, со соседите, но и со останатите држави од каде што може да се обезбедат ресурси, владините претставници успеаја да договорат набавки на енергенси, проток на стоки и доволно храна за македонските граѓани оваа тешка зима да ја поминат полесно. И сега токму ова го препознаваат граѓаните и затоа сакаат да даваат и свои предлози за нивно полесно секојдневие. Не остана непрепознаена и енергијата која премиерот Ковачевски ја вложува заедно со економскиот тим, неговата постојана присутност и начинот како се борат да дојдат до храна, енергенси, пари…

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ