• Latest
Фото: ВИ

СДСМ обвинува за корупција и суспензија на 130 милиони евра на ИПАРД 3, ВМРО-ДПМНЕ демантира: Има само привремен прекин на плаќањата

December 22, 2025

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

СДСМ обвинува за корупција и суспензија на 130 милиони евра на ИПАРД 3, ВМРО-ДПМНЕ демантира: Има само привремен прекин на плаќањата

December 22, 2025 11:48
in ВЕСТИ, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Фото: ВИ

Фото: ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија ја суспендирала исплатата на средствата од ИПАРД 3 програмата поради сериозни сомнежи за корупција поврзани со власта на ВМРО-ДПМНЕ, обвини СДСМ. И покрај тежината на одлуката, владата веќе десет дена молчи.

Како причина се наведуваат злоупотреби на европски пари, поради кои беше уапсен директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Илија Стоилев – кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ бара случајот целосно да се расчисти и сите инволвирани да одговараат, особено лицата блиски до лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според опозицијата, одговорност мора да понесе и самиот Мицкоски за скандал од вакви размери.

Од партијата потсетуваат на периодот кога, по избивањето на скандалот, ВМРО-ДПМНЕ преку, како што велат, „фабрика за лаги“ ги обвинуваше претседателот на СДСМ, Венко Филипче, како и поранешни функционери, вклучително и Зоран Заев, кој веќе пет години е надвор од политиката.

„Дали сега е јасно зошто беа тие напади? За дефокус. За да се сокрие фактот дека ДПМНЕ е фатена во корупција со европски пари“, наведуваат од СДСМ.

Според нив, поради оваа корупција е нанесен директен удар врз развојот на земјоделството. Земјоделците и агробизнисите кои планирале или веќе започнале инвестиции, сега ризикуваат да останат и без пари и без проекти.

Скандалот со ИПАРД 3, програма вредна околу 130 милиони евра, според СДСМ, не е изолиран случај, туку дел од поширок корупциски модел. Како пример ги наведуваат 161 тендер во вредност од 5,3 милиони евра, како и доделени 9 милиони евра на фирма со само двајца вработени.

„Нив не ги интересираат земјоделците, туку криминалните тендери“, обвинува СДСМ.

Партијата бара брза, темелна и транспарентна истрага и целосна одговорност за, како што велат, „огромниот корупциски скандал“. „Работата не е завршена“, порачуваат од СДСМ.

Од друга страна, ВМРО-ДПМНЕ ги демантира обвинувањата, тврдејќи дека средствата од ИПАРД 3 не се суспендирани, обвинувајќи дека СДСМ шири лаги за ситни политички поени.

„Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата. Лага е дека се стопирани средствата. СДС лаже за да добие ситни политички поени. Нивните лаги веќе не поминуваат ниту кај малите деца.

Средствата од ИПАРД III Програмата не се суспендирани од страна на Комисијата.

Повеќе пати е потенцирано дека од страна на Европската Комисија е поздравена одлуката за привремен прекин на плаќањата. Институциите работат во разрешување на случајот. Веднаш по завршување на проверките и контролите, ќе се продолжи со реализација на ИПАРД III Програмата.

Од владејачката партија доваваат дека ги боли од опозицијата бидејќи институциите работат и преземаат активности согласно нивните надлежности, тоа што беше мисловна именка во нивно време.

Д. Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ