„Толку е големо бунилото во ВМРО-ДПМНЕ, што преку нелегални снимки ја водат нивната внетрапартиска пресметка, несвесни дека со тоа прават промоција на политиките на Зоран Заев и СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ по објавите на Инфомакс со аудиосника во која велат дека Зоран Заев упатува пцости кон Орче Камчев.
„Во аудио разговорите, претседателот Заев категорично потврдува дека не постојат разговори кои се дадени на никаков Чауш и на никој друг освен на СЈО.
Разговорите потврдуваат дека граѓанскиот сектор е најсилниот поддржувач на правдата, на борбата против режимот и концептот едно општество за сите. Тоа се политиките кои ги поддржува граѓанскиот сектор, наспроти политиките на поделби, национализам и криминал и тоа е една од најголемите болки на режимското ДПМНЕ.
Конечно, нелегално снимениот разговор покажува дека нема спас за криминалните тајкуни на ВМРО- ДПМНЕ и дека одговорност за секој што го прекршил законот ќе има“, велат од СДСМ.