• Latest

СДСМ: Во министерството на Стефан Андоновски – жената државен секретар, а мажот добива тендери

March 10, 2025

Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

September 9, 2025

24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

September 9, 2025

Обвинителство и ДИК формираа Комисија за следење изборни нерегуларности за Локалните избори 2025

September 9, 2025
Фото: Милица Ѓурѓевиќ / Фејсбук

(ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

September 9, 2025
Фото: Скриншот од ФБ на Орце Ѓорѓиевски

„ЕXIT“ не доаѓа во Скопје – предизборна манипулација на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот за градоначалник на Скопје

September 9, 2025

МВР најави информирање за нови правила за патување во ЕУ од 12 октомври

September 9, 2025

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ Медиа: Политичките претставници на Македонците едноставно со премолчување го дозволуваат дивеењето на големосрпската пропаганда

September 9, 2025

Само „Левица“ не ја потпиша декларацијата за фер, слободни и демократски избори

September 9, 2025
Одбележување на годишнина од Битката на Кајмакчалан
Извор: Слубена ФБ страница на српската министерка за труд и социјала Милица Ѓурѓевиќ

Идентитетот во селективен процес на умирање: „Српски свет“ со официјален печат на македонската власт

September 9, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кој е виновен за состојбата на „Вардариште“?

September 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Во министерството на Стефан Андоновски – жената државен секретар, а мажот добива тендери

March 10, 2025 13:38
in АНТИКОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Министерството за дигитална трансформација каде втор човек е државниот секретар – Гордана Клинчарова, тендери добива Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје, фирма на нејзиниот сопруг, Мартин Клинчаров. Првиот договор за набавка на конференциска и презентациска опрема во вредност од 2.400.000 денари или околу 40.000 евра. И вториот договор, за набавка на ИТ опрема во вредност од 529.000 денари, обвинуваат од СДСМ.

-Ова се два договори, склучени помеѓу Министерството за дигитална трансформација и Друштвото за производство, трговија, промет и услуги МАТЕО ДИЗАЈН ДООЕЛ увоз-извоз Скопје застапувано од управителот Мартин Клинчаров – сопруг на Гордана Клинчаров. Очигледно, не постои случајно избрана фирма кога се работи за тендерите на ДПМНЕ. Денешниот скандал е пример за директен конфликт на интерес, непотизам и основано сомнение за корупција во Министерството за дигитална трансформација водено од Стефан Андоновски, рече на денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, само од овие два тендери, преку Министерството на Андоновски, околу 50.000 евра завршиле кај фирмата на сопругот на Клинчарова, која е државен секретар во истото Министерство.

-Ете каде завршуваат парите на граѓаните. Во семејните фирми на функционерите од ДПМНЕ. Ова е еклатантен пример за конфликт на интерес и непотизам од страна на ДПМНЕ. Но и сериозен сомнеж за корупција. Прашањето е каква е улогата на министерот Андоновски во овој скандал и дали бил и тој соучесник, бидејќи неговото име и презиме стои на договорите како потписник, рече Кузеска.

Таа додаде дека истата оваа фирма на Мартин Клинчаров била дел од изведувачите на проектот Скопје 2014, за поставување на мермер и изведба на мостот Гоце Делчев.

Близината на кадрите на ДПМНЕ и Маето Дизајн оди дотаму што фирмата се јавува и како донатор во Општина Аеродром, во перид кога градоначалник е, Тимчо Муцунски. И повторно, истиот Тимчо ја поставил Гордана Клинчарова за Раководител на секторот финансии за време на неговиот мандат. Традиционално, секаде каде што Гордана Клинчарова е поставена од ДПМНЕ на одредена позиција, нејзиниот сопруг развива тесна институционална соработка, рече портпаролката на СДСМ.

Партијата бара Државната комисија за спречување на корупција да отвори предмет и да постапи за овој, како што велат, скандал, а сите надлежни институции да се вклучат во негово расчистување.

Шемата, рече Кусеска, е страотна и ќе биде целосно презентирана во јавноста со сите докази за лица кои се директно поврзани со ВМРО-ДПМНЕ и со компаниите кои земале милионски тендери.

Фото и видео: СДСМ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Зависна независност

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Српскиот министер за одбрана, Гашиќ, екс-директор на БИА, тврди дека Кајмакчалан е српска земја

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ