• Latest

Се бара ли заменик за Мицкоски?

October 22, 2018

СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

August 23, 2025

ЕУ во БиХ: Пресудата против Додик мора да се почитува, очекуваме властите на РС да ја деескалираат ситуацијата

August 23, 2025

Албанскиот блок 2025: Евроинтеграции – Меѓу принципите и прагматизмот

August 23, 2025

Нема етничка основа намалувањето на бројот на советници во некои општини, смета Касами

August 23, 2025

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025
Церемонија по повод Денот на државното знаме, 24 август 2025 (фото извор: скриншот од видео на ФБ страницата на претседателот Зеленски)

Ден на Државното Знаме на Украина и Ден на Независноста на Украина: За Украинците, слободата и достоинството секогаш биле основни вредности

August 23, 2025

Војската на улиците во САД: Што значи тоа за американската демократија?

August 23, 2025
Фото: Скриншот од YouTube видео

УНРВА: Гладта во Газа може да се спречи ако се дозволи влез на хуманитарна помош

August 23, 2025
Извор: vote.gov

Тексас усвои нова изборна мапа на барање на Трамп

August 23, 2025
Фотографија: Општина Кочани

Во Кочани со изложба за починатите во несреќата во „Пулс“ заврши Програмата за млади „Лето во друштво“

August 23, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се бара ли заменик за Мицкоски?

October 22, 2018 12:33
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се сè погласни дека поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Милајков стои зад осумтте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои гласаа во Собранието за уставни измени.

Миленко Неделковски на својот Фејсбук статус напишал дека Мијалков се испазарил со премиерот Зоран Заев дека ќе биде амнестиран и ќе му биде вратен пасошот.

„Прославата за „победата“ во Собранието во петокот била приредена во хотелот Мериот (сопственост на С. Мијалков). Организатор и домаќин на прославата бил С. Мијалков, а поканети биле и присуствувале сите од врвот на СДС на чело со Црпко Заев. Главниот притисок за да гласаат 8-те пратеници не бил од Бејли и Заев, ами од Сашо Мијалков. „Успехот“ за преименување во Северна Македонија на С. Мијалков ќе му биде награден со амнестија за него и враќање на пасошот. Сега е јасно кој прислушкувал и кој прислушкуваните материјалу ги дал. УБК било злото што го има срушено ВМРО ДПМНЕ.

ПС: Вредно е да се знае и тоа дека денот кога Митко Јанчев изјавува “да го видам тој маж…”, цело време бил во друштво на Вице Заев во Владата на РМ. Од таму, по детален состанок со Зоран Заев, доаѓа на седница на Извршен“, напишал Миленко, кој важи за силен поддржувач на политиката на ВМРО-ДПМНЕ.

Членови на ВМРО-ДПМНЕ веруваат дека е возможно наскоро да се одржи вонреден конгрес на партијата, на кој ќе дојде до промена на партискиот лидер.

Александар Пандов на својот Фејсбук профил напишал дека „човеколики суштества во име на личните интереси, го продаваа името на народот“.

„Сега караванот ќе си врви, а ќе нема ни кучиња да го лаат! Додека СДС ќе си се пазари со амнестии за СЈО и 27 април, ВМРО-ДПМНЕ поради и понатамошното раслојување на пратеничката група, ќе се занимава со сама себе“, истакна Пандов.

Поранешниот претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Делчево, Драган Христов, смета дека претстои сценарио за оставка на Христијан Мицкоски преку вонредниот конгрес и поставување на Митко Јанчев за претседател на партијата.

„Преку овие седум пратеници Мијалков го спасува својот газ, а воедно ја погреба и Република Македонија. Христијан Мицкоски, кој одлучна застана во одбрана и против промена на името и расчистување со старите кадри контролирани од Сашо Мијалков и еднаш засекогаш да ја избрише дамката од минатото и да го врати угледот на партијата. Христијан Мицкоски застана против амнестијата за поранешното раководство и не прифати никаков компромис да преговара со цел да поддржи промена на уставното име. Сашо Мијалков преку овие 7 послушници, соработувајќи до СДСМ и други фактори за да го „спаси својот газ“ и своите бизниси директно влијаел на исходот кој се случи во Собранието. Симптоматично е што баш сите пратеници, вклучувајќи ги овие 7, до последен момент го уверувале Мицкоски дека нема да гласаат за договорот“, напиша Христов на својот Фејсбук профил.

Игор Аврамовски Александров, претседател на Здружението на македонски заедници од Австралија на својот профил, пак, вели дека утре ќе се одржи Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кое „мијалковото крило“, како што вели, ќе го симне Мицкоски.

„За утре на Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Мијалковото крило (оркестратор на Црниот Петок) што ги води осумте предавнички пратеници, подготвува смена на Христијан Мицковски, односно негова оставка преку притисоци и разочарување. Апелирам до сите искрени противници на Преспанскиот договор да изразат солидарност со Мицковски на секаков можен начин, почнувајќи од социјалните мрежи, за и тој и пучистите да се уверат дека зад неговиот принципиелен отпор стои и ќе стои сериозна маса. Оставете ги докажувањата кој е најголем патриот за други прилики. Делувајте конструктивно пред бројката од наводни 80 да стане преку 100“, напиша Аврамовски Александров.

Додека сите погледи се вперени кон Христијан Мицкоски, од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека Зоран Заев и 80-те (според нив) очајни пратеници не добиле мандат да го бришат името, идентитетот, историјата, традицијата и културата.

„Ова срамно и капитулантско дело на Зоран Заев нема никогаш да заживее кај македонскиот народ, не се откажал и нема да се откаже од Македонија и од својот идентитет. Затоа Заев и СДСМ многу скоро ќе се соочат со граѓаните, а нивната ненародна и криминална власт ќе замине во историјата како единствена власт која потпишала бришење на името на Република Македонија, јазикот, културата, историјата и традицијата на државата. Македонија и македонскиот народ победувале и повторно ќе победат“, соопштуваат од партијата.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share53Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ