• Latest

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025

Среднорочни избори во САД: Трамп пред тестот на гласачите, неизвесна битката за Конгресот

November 3, 2026
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

СДСМ и ВМРО отчетно: Чист образ или катастрофално владеење – кој всушност работеше за граѓаните?

August 23, 2025 13:27
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Денешниот Саем на градоначалници за четири години отчет, а во пресрет на локланите избори во октомври, Мицкоски го искористи за себе промоција на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, додека СДСМ реши да врати со серија прес конференции во текот на денот кои ќе покажат дека 4 години локална власт на ВМРО е 4 години катастрофално владеење.

Каква реалност презентира СДСМ?

„Четири години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ се четири години разочарувања за граѓаните.
Четири години кои наместо развој и проекти за граѓаните, донесоа само разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос, поскапи цени за граѓаните и бројни скандали со тендери. Општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ се претворија во епицентар на тендерски шеми и партиски злоупотреби на народните пари“ соопштија од СДСМ во најавата на серијата прес конференции.
Прес -конференциите на кандидатите за градоначалници во Битола, Куманово, Прилеп, Охрид, Штип и Свети Николе ја прикажуваат локалната самоуправа како сервис за бизнис интересите на ВМРО и локалните моќници, а граѓаните остана заборавени.
„Прилеп, Штип, Охрид, Битола, Ѓорче Петров, Бутел, Неготино, Гевгелија, Велес, речиси и да нема општина водена од ВМРО-ДПМНЕ каде не се покачени сметките за граѓаните . Наместо да ги олеснат животите на луѓето, тие ја зголемија цената на секојдневието, оставајќи ги граѓаните со повисоки давачки и со посиромашни општини. А сликата на општините под капата на ВМРО-ДПМНЕ е срамна: улици полни со ѓубре, сообраќаен хаос, никакви инфраструктурни решенија, ниту еден сериозен проект за подобар живот. Наместо развој, видовме само застој и назадување“, велат од СДСМ.
Како еклатантен пример го посочија Град Скопје кое по 4 години е симбол на сообраќаен и урбан хаос.

„После 4 години Скопје е симбол на хаос во јавниот превоз, со нечисти улици и смет на секој чекор, со ниту еден нов капитален проект, јавните претпријатија пред распад и тотално нефункционални. Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран јавен простор, загрозена безбедност и уништен урбанистички ред.  Тоа е сликата на Скопје со ВМРО-ДПМНЕ“, потенцираа од СДСМ.
Мицкоски и чистиот образ на градоначалниците на ВМРО
Премиерот Христијан Мицкоски обраќајќи се пред градоначалниците на Саемот, ги пофали за нивната работа особено во трите години во „апсолутна опозиција на централната власт“ кога сами ги решавале работите.
Мицкоски го искористи говорот да 4 години што остануваат зад се години на највредната работа што ја оставаат зад себе како градоначалници без „ниту една афера зад себе, ниту еден криминален случај, и ниту една работа со која ќе донесете срам, кон партијата, вашите семејства, но најважно пред граѓаните“.

Освен за „чистиот образ“ на неговите градоначалници (и оние на коалиционите партнери), тој зборуваше и за идните, оние за кои е сигурен дека ќе победат на локалните избори, велејќи дека: „Градоначалникот мора да биде прв меѓу еднаквите – слуга на народот, а не негов господар. Градоначалникот мора да биде работлив, чесен и достоен – човек што ќе ја носи довербата како најголема чест, а не како лична привилегија.

„Секое спротивно однесување ќе биде снкционирано, без двоумење и без потешкотија сите мора да знаат дека се еднакви пред законот и дека мора да се служи на народот“, предупреди Мицкоски.

Со ваквиот популизам продолжи и во насока на посочување на виновникот ДУИ и СДСМ кои ги обвини за таен план, сценарио на кое работата нивните луѓе „распоредени во судството, во изборната комисија, во институциите – денес се во коалиција. Коалиција за да го спречи поразот што ќе им го донесе ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори“.

„Тајниот“ план на СДСМ и ДУИ
„Со инфлација од независни кандидатури и фантомски листи сакаат намерно да го урнат изборниот процес, да го збунат гласачот, да ја изиграат демократијата и да ја заматат чистата слика на нивниот историски пораз што доаѓа“, го објасни тајниот план Мицкоски.
Само за потсетување, незавните кандидати не бараа да се кандидараат со два потписи туку влегоа во костец меѓу политичките игри и институционалните бариери. Исто така, прв кој зборуваше за неуспешни локални избори беше токму Мицкоски.
Биљана Јордановска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ