• Latest
Добро утро со Орданоски

Се моли правдата да се расони!

February 18, 2020

Украина обвинува за „нуклеарен тероризам“ по руските напади врз енергетската инфраструктура

November 1, 2025

Израел ги врати телата на 30 Палестинци, Хамас предаде неидентификувани останки на три лица

November 1, 2025

Молдавија го назначи проевропскиот Александру Мунтеану за премиер

November 1, 2025

Белата куќа го ограничува пристапот на новинарите до канцеларијата на прес-секретарот

November 1, 2025
Илустрација ВИ

Започна гласањето во вториот круг од локалните избори, гласаат болните и затворениците од 32 општини и Град Скопје

November 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на Алсат М

Дерала за Алсат М: Изборите изгледаат добро само на површината – националистичката реторика буквално ги замени сите други слогани

October 31, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Пентагон даде „зелено светло“ за „Томахавк“ за Украина, конечната одлука е кај Трамп

October 31, 2025

Трамп потврди дека САД ќе извршуваат нуклеарни проби

October 31, 2025

Полска пресретна руски разузнавачки авион над Балтичкото Море

October 31, 2025

ДИК: Да се почитува изборниот молк и сите законски процедури, граѓаните да можат слободно да го остварат правото на глас

October 31, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Се моли правдата да се расони!

February 18, 2020 07:43
in ВЕСТИ, ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Околу владеењето на правото и испорачувањето на правдата во Македонија не треба да има никакви мистификации: сè уште сме далеку од посакуваната цел во македонското општество да функционира правна држава којашто самостојно и без постојана „прозивка“ од политиката или од јавноста би била способна да испорачува правда, во разумен рок и со потребниот интегритет (врз база на докази!) во постапките, пропишани со закон.

Она за што може и треба да се води широка дебата е кој е виновен за тоа, со детектирање на „специјалните интереси“ кои влијаат за успорување или пренасочување на процесот од постигнување на општо посакуваната цел: правда, разумен рок, интегритет во постапките.

Таа дебата ние, самите, тешко ја водиме објективно, со оглед на познатите наследени и тековни политички околности и партиските поделби во секој сегмент од општеството. Овде и за изборот меѓу баклава и тулумба следуваат партиски обвинувања, шиканирања и меѓусебни дискредитации, па затоа на крајот се нарачува боза, како „разводнет“ компромис. Тоа не ни го решава проблемот.

Затоа е упатно да се слушне меѓународната заедница која ја има потребната дистанца од нашето валкано партиско секојдневие, а чиј најсилен „специјален интерес“ е, сепак, да успееме, бидејќи нашиот успех е и нивен успех. Во постигнувањето на тој нивен успех, меѓународната заедница е многу крута кога треба да се одреди нивото до кое прифаќа компромиси, за разлика од нашите политичари кои тоа ниво, за потребите на својот успех, би го развлекле и по земја.

Е, па, таа меѓународна заедница во изминатите два-три дена здушно ја кажува својата „збирна“ оценка по распуштањето на Собранието: честитаме, усвоените реформи се вистинските за продолжување на евро-атлантскиот пат на Македонија. Американците, како и секогаш, за да нема простор за дополнителни интерпретации, отидоа најдалеку, бидејќи амбасадорката Брнс порача дека е „постигнат значителен напредок во изминатите три години“. Молам.

Другото е локален политички „фолклор“, во случајов уште и предизборен.

Тој „фолклор“ во (предизборната) партиска интерпретација на СДСМ и неговите поддржувачи го видовме со „Маршот за правдата“. Тој марш е произлезен од потребата да се „залечат“ некои од фрустрациите на раководството на владејачката партија заради маката и начинот на кој се постигнаа компромисите за изгласување на правосудните реформи. Заев и неговото друштво знаат дека плаќањето на „цената“ за тие компромиси може да ги стигне на изборите. Маршот е, се разбира, алатка на нивниот политички маркетинг. Па, што дека?

Многу поважно е што пораките од маршот испратени до правосудниот систем се силно повикување судиите и обвинителите да ја преземат иницијативата во свои раце: Работете по закон, испорачувајте правда! Што чекате?!

Од друга страна, предизборниот „фолклор“ во партиската интерпретација на опонентите на сегашната власт најдобро го одразуваат содржините на неколку транспаренти со кои се „контрираше“ на маршот на СДСМ: „За нашето судство сонцето излегува на запад“; „Нашево судство е за Гинис, а не за ЕУ“; или „Со судии дебили, во ЕУ ‘априлилили’“… И тие пораки можат да се интерпретираат како притисок врз судството да работи по закон и да испорачува правда.

Со други зборови, и меѓународната заедница и власта и (на свој, мрчаторски начин) опозицијата се согласуваат дека, дури и со различното толкување на квалитетот на реформите, притисокот треба да се префрли врз правосудните институции. Таа „бела мечка“ мора да се (до)разбуди од зимскиот сон.

Тоа е добра основа за еден, долго очекуван, „нов правосуден почеток“ во Македонија. Во таа смисла, можеби ќе се покаже дека изминатите две-три години не беа залудно „фрлени во ветар“. Ете, сетете се на добронамерните зборови на американската амбасадорка…


Сите права се задржани.
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ