• Latest

Се уште постои оптимизам за прва меѓувладина конференција, на една седмица до состанокот на Советот на ЕУ

December 2, 2020
Скриншот од видео на
Просто Путин

„Не е гостилница за верници на Путин“ – Контроверзниот руски рапер доби забрана за влез во Литванија

November 13, 2025
Александар Сирскиј, Врховен командант на вооружените сили на Украина. Фото: Фејсбук

Сирски: Покровск не е опкoлен, но останува главна цел на Русија

November 13, 2025
Скриншот од видео на
BeWisePL - info z polityki polskiej i zagranicznej

„Полска би можела да биде закана за нас“, вели ко-лидерот на германската крајна десница, отфрлајќи ја секоја непосредна опасност од Русија

November 13, 2025
Фото: wikimedia commons

Европа и Блискиот Исток во трка за имотите на „Лукоил“ пред санкциитена САД – а кај нас?

November 13, 2025
Фото: Фејсбук на руската амбасада во Македоија/Иван Стоиљковиќ

Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

November 13, 2025
Фото: Претседател на Украина

Најголемиот корупциски скандал во претседателството на Зеленски доаѓа од внатрешните кругови

November 13, 2025

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Се уште постои оптимизам за прва меѓувладина конференција, на една седмица до состанокот на Советот на ЕУ

December 2, 2020 09:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Се уште постои оптимизам кај македонски официјални претставници, на една седмица до одржувањето на состанокот на Советот на ЕУ за можноста да се даде зелено светло за преговарачката рамка за Северна Македонија, со што би се отворил патот за одржување на првата меѓувладина конференција до крајот на годината, за време на германското претседателство со Унијата.

Германската канцеларка Ангела Меркел завчера со порака дека Северна Македонија се уште има шанси да ја одржи првата меѓувладина конференција со ЕУ оваа година, во текот на германското претседавање со Унијата. Таа сепак рече дека се соочуваат со потешкотии во врска со одржувањето на меѓувладината конференција и дека се уште постои потреба од преговори меѓу Бугарија и Северна Македонија.

Министерот за правда Бојан Маричиќ вчера рече дека треба да бидеме оптимисти до крај во врска можноста за отворање на преговорите со ЕУ во декември зашто е во наш интерес. Црвените линии, како што потенцира Маричиќ, не смеат да се преминат и верува во македонскиот тим дека ќе дадат максимум да се отворат преговорите без да се загрозат интересите и идентитетот.

– Треба да сме оптимисти до крај и да се надеваме и да работиме,  рече министерот Маричиќ.

Во исто време, државниот секретар во МНР Зоран Попов, кој е дел од преговарачкиот тим со соседна Бугарија, рече дека се разговара за практичен патоказ за имплементација на членовите од Договорот за добрососедство со Бугарија.

Нема никакви тајни преговори, рече Попов, нагласувајќи дека има континуирани преговори со бугарското МНР. Вели дека формата се уште не е утврден и оти се разговара за документ, за кој ќе се види дали тоа ќе биде меморандум или протокол кон имплементација на Договорот.

-Патоказот е еден дел од разговорите кои се во тек и тука нема никакви тајни работи или детали. Можам да кажам дека патоказот се однесува на забрзана имплементација на Договорот за добрососедство и соработка во различни области – економија, образование, одбрана, култура, животна средина и така натаму, изјави Попов, нагласувајќи дека како преговарачки тим под раководство на премиерот, никој, ниту во еден момент не прифатил разговори кои се однесуваат на македонскиот јазик и идентитет.

Секоја сериозна држава, според Попов, треба да има унифициран став на позицијата и опозицијата за клучните прашања за иднината на државата, но дека за жал досега од страна на опозицијата не видовме став по ниту едно клучно прашање во ова смисла.

Во однос на тоа дали е можно да се случи потпишување на некоков анекс на Договорот пред министерскиот состанок, Попов, рече дека не разговараат под притисок. – Доколку и двете страни се задоволни од текстот на Договорот, и постигнеме Договор кој го заштитува нашиот интерес, ние тоа јавно ќе го објавиме… Не, во моментот течат преговори и не можам да изнесам повеќе детали за да не го нарушам преговарачкиот процес, изјави Попов.

Во меѓувреме, холандскиот амбсадор во земјава Дирк Јан Коп рече дека билатералните прашања не се дел од рамката. -Рамката е многу јасна. Земјата треба да помине низ преговарачкиот процес и по одреден број години да влезе во Европската Унија, изјави холандскиот амбасадор во Северна Македонија.

Според амбасадорот, во моментов е невозможно е да се даде одговор дали до крајот на годинава земјава ќе ги почне преговорите со ЕУ, иако, вели, јасно е овој процес каде треба да се движи и тоа е многу поважно од еден датум.

-Невозможно е да одговорам на тоа. Многу се работи во моментов и Северна Македонија и Бугарија разговараат, тоа секогаш е добро. Германците кои во моментот го имаат претседателството работат напорно да ги обединат двете страни, дали ќе успеат е невозможно да се предвиди, но сите се уште се надеваат дека исходот ќе биде позитивен, вели Јан Коп.

Според него, не е толку значајно кога ќе се одржи меѓувладината конференција. -Мислам дека премногу симболика се дава на еден датум. Она што земјава сега треба да го направи е заедно со нас да помине низ 35-те поглавја од пристапниот процес почнувајќи од поглавјата 23 и 24 за владеење на правото и правосудството. Основата е поставена. Структурата е јасна. Земјите членки на Унијата во изминатите шест месеци заедно со Комисијата ја подготвуваа преговарачката рамка. Јасно е овој процес каде треба да се движи, тоа е многу поважно од еден датум, рече амбасадорот, подвлекувајќи дека ништо не функционира во едно општество ако нема владеење на правото.

Јан Коп вели дека сега земјава е еден чекор понапред и оти веќе многу направила и веројатно ќе може да ги исполни очекувањата и да се придвижи низ поглавјата прилично брзо.

Во меѓувреме, Владата вчера на седница го именува Владо Бучковски за специјален претставник за Бугарија.

Реакции за именувањето на Бучковски пристигнаа од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот Христијан Мицкоски рече дека „тешко на Македонија ако решението е во тандемот Заев-Бучковски“.

-Бучковски предлагаше заедничко чествување на Илинден со источниот сосед, a Заев во скорeшното интервју ги направи ослободители. Денес, човекот чија кариера заврши со политички договор за судскиот предмет Тенковски делови, Заев го враќа на нова врата која преговара за историјата, јазикот, македонското малцинство, хероите, рече Мицкоски.

Претходно, пратеникот и портпарол на СДСМ Костадин Костадинов рече дека ширењето лажни вести од страна на ВМРО-ДПМНЕ продолжува и се зајакнува во овој процес, а ниту јазикот, ниту идентитетот се на преговарачка маса, ниту некогаш биле.

-Се што излегува на устата на Христијан Мицкоски е апсолутна, ноторна лага, како последните обвинувања дека викендот наводно Македонија се раскрчмувала, за на крај да излезе дека немало никакви официјални разговори во Софија, истакна портпаролот на СДСМ.

Тој нагласи дека идентитетот ни е потврден благодарение на одговорните, државнички и успешни политики на власта предводена од СДСМ. – Да не заборавиме влеговме во НАТО како членка, како Македонци, кои зборуваат македонски јазик, кој што нема бугарски корени, истото се случува сега при нашиот процес на интеграција во ЕУ и решавање на ова прашање со Бугарија. Треба да дадеме шанса на преговорите. Нашите црвени линии се тие, ние ги спомнуваме многу јасно и гласно, дека сме Mакедонци, кои зборуваме македонски јазик, кој нема корени од бугарскиот јазик, потенцираше Костадинов.

Тој повтори дека непобитен факт е дека Македонците својата сувереност ја оствариле преку АВНОЈ-ска Југославија, а својот вековен идеал за своја држава во АСНОМ-ска Македонија.

– Нашата слобода се базира на антифашизмот, сакам да упатам силна порака, не смееме да ставаме етнички предзнак на фашизмот, во тоа искрено верувам. Нашиот стремеж, цел е интеграцијата на ЕУ, сојуз во кој е и Бугарија и Германија. За таа цел треба да бидеме искрени пред себе и пред граѓаните. Да не ги залажуваме, да не ги подгреваме страстите,  да не шириме хистерија како што тоа го прави Христијан Мицкоски во еден особено важен период за државата и граѓаните, истакна Костадинов.

Грчкиот весник „Катимерини“, пак, денеска напиша дека инсистирањето на Бугарија да го блокира стартот на преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија, претставува ризик од создавање на уште една пукнатина на југоисточното крило на НАТО, во услови кога постојат длабоки поделби и меѓу две други членки на Пактот во регионот – Грција и Турција.

Според весникот, меѓу Софија и Скопје се создава нов судир „заради два века стара контроверза врз етничка основа“.

– И Бугарија и Северна Македонија се клучни членки на Алијансата во регионот. Бугарија со нејзината улога како супервизор над Црното Море и јужна Русија, а Северна Македонија како тампон зона против понатамошно руско ширење во срцето на Балканот. И двете земји многу силно ги чувствуваат последиците од американско-рускиот конфликт за влијание, додава весникот.

Според „Катимерини“, засега се чини дека ривалството меѓу Софија и Скопје не влијае врз НАТО, кој е на ставот дека станува збор за „европско прашање што треба да го решат земјите членки на ЕУ“.

– И да е така, блокадата на Бугарија за влез на Северна Македонија во ЕУ не произлегува од критериумите за членство, како потребата од зајакнување на демократијата или сузбивање на корупцијата, туку таа се базира на историски тврдења што го поттикнуваат национализамот на двете страни и тоа наскоро би можело да има влијание и врз НАТО, доколку овие разлики не бидат надминати, се додава во коментарот на атинскиот весник. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ