Во Собранието на Република Северна Македонија денеска седница ќе одржи Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, на чиј дневен ред се извештаи за работата на неколку државни институции.
Членовите на оваа Комисија на седницата треба да го разгледаат Годишниот извештај на Дирекцијата за заштита на личните податоци за 2019 година, Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства на Република Северна Македонија во 2019 година, Годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија за 2019 година, како и Посебниот извештај на Државната комисија за спречување на корупцијата за утврдените злоупотреби во финансирањето на изборната кампања Предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија – 2020.