• Latest

Седум месеци од трагедијата во Нови Сад, протести на студенти и граѓани во 32 градови во Србија

June 2, 2025
Фото: Министерство за финансии

Две лица лишени од слобода под сомненија за нехуман третман по претресите во домови за стари лица во Скопје

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на TalkTV

Заменик-лидерот на британската Зелена партија ги брани своите коментари за рабинот од Лидс кого го нарече „животно“

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на ТВ21/Фејсбук

ЈО: Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент во Куманово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук

Над 200 руски војници осудени за воени злосторства во Украина

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
WION

Генерал именуван за премиер на Мадагаскар за да ги смири протестите, Генерацијата Z не го прифаќа

October 7, 2025

Во Куманово пукано во Зекирија Шахини, носител на листата на НАИ во Липково

October 7, 2025
Фото:Wikimedia Commons

Поранешниот премиер Едуар Филип: Макрон треба да свика предвремени претседателски избори

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Водачoт на суданската милиција, Али Кушајб осуден за воени злосторства за време на војната во Дарфур

October 7, 2025

Од бугарски ‘куфери со пари’ до УСБ стик – нови лаги на ВМРО-ДПМНЕ за Заев

October 7, 2025

Меѓународната конференција „Одбрана на демократијата: Боиште на вистината“: Заштита на демократијата и изборниот интегритет (9 октомври, ден 2, целосна програма)

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Седум месеци од трагедијата во Нови Сад, протести на студенти и граѓани во 32 градови во Србија

June 2, 2025 09:50
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Србија одбележува седум месеци од трагедијата на железничката станица во Нови Сад, во која загинаа 16 лица, а која предизвика криза во земјата во обидите да се пронајдат одговорните за коруптивните практики и лошо извршените работи во неодамнешната реконструкција, јавуваат српските медиуми.

Од 11:52 до 12:08 часот, граѓаните низ целата земја одржаа 16-минутен молк во чест на 16-те жртви при падот на настрешницата на железничката станица на 1 ноември 2024 година, што предизвика бран антивладини протести со обвинувања за корупција. Студентите повикаа на протести во 32 градови, а во Белград беше објавена блокада на два клучни моста во траење од 18 часа.

На денот кога се навршуваат седум месеци од трагедијата во Нови Сад, владата објави дека постои можност станицата во Нови Сад да биде срушена или повторно реконструирана, бидејќи е затворена од 1 ноември минатата година.

Зградата на станицата во Нови Сад, по целосна анализа на статиката, ќе биде срушена, обновена или делумно употребена таму каде што е целосно безбедна, изјави за белградските медиуми министерката за градежништво, транспорт и инфраструктура, Александра Софронијевиќ.

„Високиот суд во Нови Сад побара продолжување, односно измена на обвинението, а таа изменета истражна постапка е сè уште во тек. Паралелно со тоа, имаме забрана за влез во зградата на станицата, а издадена е и наредба да се испита целокупната статика на зградата на станицата“, изјави Софронијевиќ.

Зградата на станицата во Нови Сад е дел од амбициозен инфраструктурен проект за изградба на брзата железница Белград-Нови Сад-Суботица-Будимпешта.

Во февруари оваа година, српскиот претседател Александар Вучиќ, по разговорот со унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави дека очекува веќе во 2026 година, брзите возови од Белград до Будимпешта да пристигнат за два часа и 40 минути.

Ова е последното конкретно официјално соопштение засега, откако Вучиќ уште во 2015 година за време на свеченото објавување на проектот за модернизација и изградба на железницата Белград-Будимпешта изјави дека е договорено железницата Белград-Нови Сад „мора да биде отворена во 2018 година“.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ