Инспириран од познатата изјава на Пастор Мартин Нимелер, дека додека граѓаните молчат кон неправдите ќе дојде ден кога ќе сакаат да проговорат, но тогаш ќе биде доцна, твитерџијата Зоран Гега Маџоски на својот профил пишува:
– Молчеа газдите, сега им недостасуваат работници.
– Молчеа наставниците, сега им недостасуваат ученици.
– Молчеа родителите, сега им недостасуваат децата.
– Сега сите би да зборуваат, ама нема кому, пишува Zoran Gega Madzoski@zorangega, на својот Твитер профил.
– Сега сите би да зборуваат, ама нема кому, пишува Zoran Gega Madzoski@zorangega, на својот Твитер профил.

Прво дојдоа по социјалистите, а јас молчев. Затоа што не бев социјалист.
Потоа дојдоа по синдикалците, а јас молчев. Затоа што не бев синдикалист.
Потоа дојдоа по Евреите, а јас молчев. Затоа што не бев Евреин.
Потоа, дојдоа по мене – и немаше кој да зборува за мене “ – Пастор Мартин Нимелер.