• Latest
Фото: МИА Архива

Села: Уште се чека на исходот во врска со печатите на партијата

July 6, 2024

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Села: Уште се чека на исходот во врска со печатите на партијата

July 6, 2024 15:53
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Алијансата за Албанците Зиадин Села денеска одговорајќи на новинарско прашање за тврдењата на Арбен Таравари дека ги има печатите, одговори дека уште се чека на исходот во врска со печатите на партијата. Според Села, најдобар „печат“ на партијата е гласот на делегатите на Конгресот, кои исто така се потпишаа за Таравари да биде разрешен од функцијата претседател на партијата, пренесе МИА.

„Вие сте ги слушнале изјавите на Таравари дека вршиме притисоци. Јас прашувам кој е тој што врши притисоци? Алијанса за Албанците не врши притисоци. Таравари тврдеше дека партијата не е печатот, седиштето или возилата кои ги има партијата, туку народот. Сега, кога ги загуби и членството и народот преку гласови, и на претседателски и на парламентарни избори, кога загуби во неговата Општина, на неговото гласачко место, вели дека ги имал печатите на партијата. Оваа партија не е формирана од фотељи. Оваа партија е формирана преку членството на партијата, преку активизам во секое село, населба“, изјави Села пред почетокот на централното Собрание на партијата.

Според Села, самиот факт што во програмата на Владата нема ниту еден збор од програмата на Влен, докажува дека Алијанса за Албанците не е во коалиција со Влен, туку таму е само Таравари. Села додаде дека целта е Тараври да стане министер за здравство и да ги остварува неговите лични интереси и интереси на луѓе кои го опкружуваат.

– Неговата цел е да биде само Арбен Таравари и никој друг. Можеби се движи во насока да биде потпретседател на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, тоа е негов личен избор. Алијанса за Албанците секогаш кога била дел од власта, но и во опозиција, знаела да остварува делови од политичката платформа, вели Села.

Села додава дека Таравари разрешува директори Албанци, укинува договори на граѓани кои носат плата дома а од друга страна, посочува, приоритет му е паркингот во Клиничкиот центар.

Прашан колку се единствени сега пратениците на Алијансата за Албанците и какви се односите со ДУИ, Села одговори дека Алијансата за Албанците е соединета, а сите пропаганди и спинови кои се пишуваат во порталите, имаат за цел да внесат недоверба во партијата.

„Пратениците на Алијанса за Албанците се тука. Алијанса за Албанците е соединета. Сите овие пропаганди и спинови кои се пишуваат во порталите имаат за цел да внесат недоверба меѓу нас. Ние сме навикнати на вакви специјални војни кои се прават меѓу нас, бидејќи и во минатото имаше такви муабети, дека од Алијанса за Албанците ќе излезе овој или оној пратеник. Во тоа ништо немаше вистина, и за жал излезе претседателот на партијата“, рече Села.

Села потврди дека Алијанса за Албанците е во коалиција со други политички чинители во Европскиот фронт.

-Алијанса за Албанците е во коалиција со Европскиот фронт и ние сме се изјасниле околу таа работа. Даден збор на Алијанса за Албанците е даден збор. Тоа го знаат сите политички чинители, нашите политички противници, а тоа го знае и обичниот гласач. Ние секогаш знаеме да реализираме, додаде Села.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ