Алијансата за Албанците и Алтернатива вечерва одржаа Марш за Демократија кој започна од паркот на Чаир, поминаа пред Влада и на крајот од маршрутата застанаа пред седиштето на ЕУ во Скопје. На маршот се испрати порака за демократија, фер и демократски избори, а лидерите на двете партии обвинија дека ДУИ со помош на ДИК го манипулирале гласот на Албанците во Северна Македонија.
„Рековме дека време е за промена, и да заврши 18 годишната стагнација која од Албанците создаде општество без надеж. Пред три години ние помогнавме да падне половина од режимот, сега е време да падне и вториот дел од тој режим“, изјави меѓу другото Зиадин Села пред присутните на маршот.
Села и Гаши ја обвинија ДУИ дека на изборите на 15 јули купувале гласови, се гласало од луѓе кои не се присутни во земјата, манипулирале со записниците и целиот изборен процес во местата населени со Албанци. Алијансата и Алтернатива не го признават резултатот на изборите, ниту легитимитетот на ДУИ.
А. Зеќири