• Latest

Сеништата на минатото (1)

June 2, 2021

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Сеништата на минатото (1)

Не смееме да ги потценуваме намерите на актерите кои под закрила на пораката дека распадот на Југославија не е завршен, се обидуваат во Европа и регионот на Западен Балкан да произведат конфликт од понизок интензитет, а можеби и од посилен, за во такви околности да создадат услови за промена на границите, но и ги остварат своите апетити за територијални проширувања на сметка на другите и возобновување на некогашните кралства и монархии.

June 2, 2021 12:01
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АЛЕКСАНДАР НИКОЛИЌ ПИСАРЕВ

Ако филмот „Сенките над Балканот“ на Драган Бјелогрлиќ и Стеван Копривица нè враќаат во едно време на балканските превирања за кое мислевме дека е неповратно влезено  во историјата, актуелните случувања во регионот и посебно во и околу Македонија сериозно се закануваат да ги оживеат сеништата на минатото. Со тоа не само што го загрозуваат територијалниот интегритет на државите настанати после распадот на СФРЈ туку и регионалниот мир. Пробните балони кои се лансираат од политичките, разузнавачките и други центри на моќ во регионот и Европа тоа и го докажуваат. Ако сакаме да живееме во Европски дом, таму нема место за овие сеништа.

Зошто ова се случува и кои се креатори на овие идеи?

На оваа тема специјално за ЦИВИЛ МЕДИА говорат: д-р. Владан Јовановиќ, историчар од Институт за понова историја на Србија во Белград , Нерзук Ќурак, професор на Факултет за политички науки во Сараево, Јелица Миниќ претседателка на Европското движење во Србија, Тања Топиќ, политичка аналитичарка од Бања Лука, Исмет Круезију, политички аналитичар и шеф на канцеларијата Траспаренси интернешенел за Косово. Пренесуваме и мислења и ставови на референтни европски и домашни политичари, политички аналитичари и дипломати.

Не смееме да ги потценуваме намерите на актерите  кои под закрила на пораката дека распадот  на Југославија не е завршен, се обидуваат во Европа и регионот на Западен Балкан да  произведат конфликт од понизок интензитет, а можеби и од посилен, за во такви околности да создадат услови за промена на границите, но и ги остварат своите апетити за територијални проширувања на сметка на другите и возобновување на некогашните кралства и монархии.

ВОЕНОХУШКАЧКИТЕ ПАРТИИ ЈА ГЛЕДААТ СВОЈАТА ВТОРА ШАНСА

Д-р. Владан Јовановиќ, историчар од Институтот за понова историја во Белград специјално за ЦИВИЛ МЕДИА изјави:

„Уште пред да се воспостават неколку силни популистички режими во Европска Унија, многу солидарни околу мигрантската криза и со изразен отпор кон глобализацијата, дојде до повторно оживување и засилување на националистичките структури на просторот на бивша Југославија кои се одговорни и за војните предизвикани во деведесеттите години, а во некои региони и десет години подоцна.

Се добива впечаток дека нашиот простор станува експериментална територија на која екстремните националисти под странски надзор и надворешни инструкции, си играат и глумат демократија и либерална економија. Моменталната преокупираност на Европа со „хибридните режими“ во Унгарија и Полска, ја фрли во втор план балканската периферија во која, со меѓународната согласност, овој пат замаскирани во модерните партии на десниот центар повторно завладеаја бившите военохушкачки партии кои сега ја гледаат својата втора шанса.“

д-р Владан Јовановиќ

Според д-р Јовановиќ, благонаклониот однос на европското семејство кон палавостите на балканските членки и кандидати за европското семејство (посебно во Србија и Хрватска), исто така, придонесоа кон тоа да се создадат предуслови за оживување на сеништата на блиското и далечното минато и комплицирање на состојбата во овој регион во поблиска перспектива.

ВОЗОБНОВУВАЊЕ НА ХАБСБУРШКАТА МОНАРХИЈА

„Неодамнешниот состанок на раководствата на Полска, Унгарија и Италија за оживување на Европската ренесанса е најава за групирање на националистите во Европскиот парламент кои ќе заговараат консензус за одбрана на традиционалните вредности. Сепак, освен географската асоцијација на Хабсбуршката монархија, ми се чини дека ова поврзување има повеќе врска со конзервативните гледишта на мигрантското прашање, иако во денешно време, меѓудржавното поврзување и проширување нема толку етнички, колку што има транснационален карактер“, вели Јовановиќ, според кого, далеку повеќе се наметнуваат некои историски аналогии со некои други царства, а поврзано со нивниот корпоративен продор на Балкан во форма на нетранспарентни странски инвестиции и анонимниот капитал, како и искористувањето на природните ресурси и евтината работна сила во балканските држави.

Нашиот соговорник заклучува дека, гледано од овој аспект, идеите и сеништата за повторно територијално преуредување на Балканот е опасна взаемна игра на рехабилитирани десничари кои се меѓусебно солидарни, корпоративно поврзани и добро се познаваат. Јовановиќ потсетува дека секој кој живее на овие простори, добро се сеќава на настаните од пред крајот на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите години и дека секој добро знае како завршуваат таквите идеи, доколку на време не се сопрат, а нивните промотори да се изолираат.

ИГРАЊЕ СО ОГИН НА БАЛКАНОТ

„За вакво играње со огин на Балканот, секогаш е згоден момент, со оглед на тоа дека со овдешните новоформирани државички владеат главно лажни проевропски реформисти кои паразитираат на политиката на неизвесност. Тие самите продуцираат кризи кои потоа ги „решаваат“ обично и најчесто пред избори. Тоа се таканаречени стабилократи со богато шовинистичко педигре кои со апстинирање од отворен судир ја купуваат наклонетоста и довербата на западниот фактор. Истовремено, тие ја злоупотребуваат таа доверба, ги разградуваат  демократските институции и го ресетираат клиентелистичкиот и корпоративниот систем од почетокот на деведесеттите години“, предупредува Јовановиќ во разговорот за ЦИВИЛ МЕДИА.

Војните на ексјугословенските простори во 90-те (колаж)

Дел од експертската јавност, како и самиот Јовановиќ, се согласуваат дека неодамнешното минато покажува дека најлесна мета и воедно најголемите жртви на таквото територијално рекомпонирање би биле Босна и Херцеговина, Македонија и можеби Црна Гора поради својот етнички и конфесионален мозаик. Тоа посебно важи за Босна и Херцеговина, бидејќи факт е дека нејзиниот државен систем е базиран исклучиво врз владеење на етно-националните партии. Сè уште не ги знаеме сите околности на заживување на овие опасни сеништа и кои се креаторите на овие идеи, но знаеме кои се можните автори кои во овој миг најжестоко и јавно се спротивставуваат на ваквите идеи и тенденции.

КАКИСТОКРАТИЈАТА ВО СРБИЈА

Јовановиќ ја наведува Србија како една од тие заробени држави која би можела да се опише како какистократија, односно држава во која владеат најлошите, односно оние кои етнонационализмот и шовинизам на кој израснале во деведесетите години го прилагодиле на модерните „предизвици“ како што се узурпирање на јавните ресурси и дивиот капитализам.

Александар Вучиќ

„Неодамна некој на Твитер поставил две фотографии од преговорите на Бриони во април 1991 и во мај 2021 на кои злокобно позираат насмеани национални лидери. Прв впечаток кој ми се наметнал во тој миг е нивната меѓусебна солидарност и солидарноста на нивните партии како отуѓени интересни заедници. За жал, нивниот нечесен однос и деструктивниот потенцијал сѐ помалку ја интересираат бриселската администрација за пред граѓаните од бившиот југословенски простор што побргу да се спротивстават на инспираторите на омразата и узурпаторите на демократските институции“, заклучува Јовановиќ.

Бриони, 2021
Самит на балканските (ексјугословенски) лидери во 1991 година

ДЕКОНСТРУКЦИЈА НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, БОСНА, КОСОВО И ЦРНА ГОРА?

Во нашата анализа, разговаравме и со проф. Нерзук Ќурак, професор на Факултет за политички науки во Сараево, кој за ЦИВИЛ МЕДИА зборуваше за тенденциите на националистичките идеолози од регионот на бивша Југославија.

проф. Нерзук Ќурак

„Мене, од идејата за промена на границите, во што не верувам, уште повеќе ме загрижуваат тенденциите на националистичките идеолози од регионот на бивша Југославија кои се обидуваат да го оневозможат нормалното функционирање на Македонија, Босна, Косово и Црна Гора. Во дадените околности, тие упорно да повторуваат дека тоа се нефункционални творевини кои никогаш нема да станат функционални и организирани држави и дека поради тоа најдобро е да се деконструираат“, вели проф. Ќурак.

НЕЗАВРШЕНИОТ РАСПАД НА СФРЈ

Според угледниот професор на Факултет за политички науки, за жал, овие мрачни намери добиваат поддршка од европската десница. На нив им е важно што подолго да останеме на маргините на европските движења, додека потполно не се забарикадираме во своите граници, а на поддржувачите на тие идеи во незавршениот распад на СФРЈ, како компензација, на најмилитантните да им дозволиме територијално проширување на сметка на првите соседи.

Затоа, етно-националистичките структури во регионот, со поддршка на екстремната десница од Европа се сѐ поблиску до консензус да не дозволат создавање на функционални држави од сите делови на распаднатата Југославија, за дури потоа регионот да биде политичка заедница во која новонастанатите држави ќе бидат примерен сервис на слободни граѓани како дел од Европската унија.

Вишеградската група, самит 2017 година

„Тешко е во историјата да се пронајде такво ниво на изопаченост, подобро кажано, коефициент на националистичка нарцисоидна изопаченост која, оживувајќи ги сеништата на минатото и по цена на војната, нови прогони и жртви, го враќа тркалото на историјата еден век наназад оставајќи ги притоа граѓаните во сиромаштија, додека тие се богатат“, алармира Ќурак, кој потсетува и на тоа дека во време на првиот мигрантски бран, земјите од таканаречена Вишеградска група, Полска и Словачка, резолутно и без срам,  категорично нагласија дека  во нивните држави нема да влезе ниту еден муслиман, откако мигрантите ги редуцираа само на муслимани.

ЕВРОПСКА УНИЈА – РЕАКЦИОНЕРНА ТВРДИНА

Ќурак смета дека оживувањето на сеништата од минатото е посебно опасно поради контекстот во кој се појавува. Вели дека ваквите идеи и документи да се појавеа на почетокот на минатото столетие, кога бевме сведоци на планетарниот триумф на либералната демократија, тоа не би било вознемирувачки.

„Но денес, кога нео-десницата се буди и силно расте, кога сме сведоци на обидите во потполност да се смени слика на веќе прифатените вредности на Европа, Европска Унија да се претвори во реакционерна тврдина во која расте ксенофобија, а космополитизмот престанува да егзистира, појава на вакви идеи и документи и оживување на сеништата од минатиот век за прекројување на граници и создавање Ренесансна Европа е многу опасно токму поради тој контекст. Симптоматично е да сега после обелоденување на овие идеи, сите ко змија ги кријат нозете. Но не се важни поединечните автори на овие идеи, туку поддршката на која наидува, како и транснационалните наредбодавци“ – заклучува проф. Нерзук Ќурак во разговорот за ЦИВИЛ МЕДИА.

(продолжува)

 


Сите права се задржани. ЛИНК: Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста. Текстот е личен став на Авторот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ