• Latest
Добро утро со Орданоски

Сергеј носи Прада!

September 28, 2018

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Сергеј носи Прада!

September 28, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]Ч[/dropcap]етири млади мајмуни – од оние 25-годишници со теретански тестостерон, наместо мозок, во главата, и тетоважи, се претпоставува, по целото тело – некни упаднале во 1ТВ во намера да го најдат и физички да се пресметаат со Сергеј Варошлија, ултимативниот телевизиски евангелист на македонската модна сцена.

Прво, имале среќа што не налетале на мене таму, бидејќи гарантирам дека, со оглед на моите општи димензии, како тетрис ќе се заглавевме на тесната влезна врата на телевизијата, а потоа не би можел да им ветам дека од таа деликатна физичка кунг-фу-панда ситуација сите ќе излезевме со исти телесни пропорции! (Добро, добро, јас сигурно најмногу ќе го окркав, ама ќе земев еден-двајца од четворицава со мене на душа, па кому му се паднала среќата тој ден…)

Второ – само четворица напумпани насилници за Сергеј, сам?! Уууу, што храброст се беше покажала! Па, човекот неконтролирано мафта и со стилето и со сабја, плус онаа штикла за која во секоја правна држава би се издавала дозвола за поседување и носење! На мустаќите ќе ги наденел и ќе ги пукнел како црните балони на лошиот моден вкус додека кажале долче-и-габана! Ви велам, тој ден четворицава јорган-јунаци навистина имале среќа, ај што мене не ме затекле, туку што и со Сергеј се разминале…

Трето, разбирам дека нечие женско срце е веројатно скршено, дека нечија сестра или девојка можеби и некоја солена солза пролеале… Ама, па, кој ги тера да се сликаат пред огледало, да се прчат и трткаат со усните и задничињата на зајдисонце, или од свадби и матурски прослави да покажуваат што купиле на распродажба во Космос, послани по фејсбук и инстаграм како да се во модна месара на Битпазар, секој да ги види и да ги пазари?!

Тоа е тоа, во глобалното село на интернет или си следната сестра Кардашијан или ризикуваш (некој) Сергеј да ти го симне, да речеме, модниот скалп! Тоа е цената на малограѓанската потреба да се види и да се биде виден, а да не се прочитаат ситните букви на изгубеното право на интернет приватност кога ќе се залепите како мува на ѕидот на она што една пријателка со право го нарекува (само за 18+) видете-ме-ебете-ме!

Сергеј, всушност, е во соло историска мисија, да успее да го направи она што никому пред него овде не му успеало: покрај здодевната и истрошена политичка сцена – и ниедна друга што може така да се квалификува, од музиката и спортот, до науката и хортикултирата! – своерачно да создаде и модна сцена во македонсково уморно општество и со по некое шармантно Ах!, Ух!, и Не-не-не!, да произведе воздишки и завист кај локалнава публика рамни на влијанието на Вог и Космополитан на светските модни писти.

Што е, не ми верувате, мислите дека претерувам?! Па, споредете колку кликнувања имаат видеата на Сергеј на Јутјуб, во споредба со говорот на Хорхе во ОН, да речеме, или дури и со моите вербални еквилибристики по прашањето на иднината на оваа патетична и, најчесто, безнадежна нација… Јас и Хорхе заедно не сме му на Сергеј ни до цедениот сок за диетален делнички појадок, иако тврдам дека онаа несреќна валандовска калинка е далеку поодговорна од мене за тоа!

Ма, се разбира дека Сергеј не е совршен, дека знае да претера и да фати да меле некоја невина жртва фатена со зембиљот на враќање од пазар… Добро, де, толку ли е тоа трагично?! Во време кога Доналд Трамп е претседател на САД, а Мицкоски на ВМРО-ДПМНЕ?!?! Камооон!

Затоа, внимавајте какви чевли ќе облечете за во недела, кога ќе одите да се изјасните за онаа важна работа – Сергеј ве демне зад некој агол, само на 1ТВ! Мечот е изваден, штиклата е во воздух, Сергеј носи Прада!

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените НЕ Е ДОЗВОЛЕНО, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Share608TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ