• Latest

Северна Македонија треба значително да ги засили амбициите во однос на зелената транзиција, препорачува ЕК

October 14, 2022
Фото: Wikimedia commons

Јулска сесија на Европарламентот, меѓу темите на агендата и Извештајот на Вајц за земјава

July 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
Al Jazeera English

Израел изврши напади врз цели на Хутите во Јемен, први по прекинот на огнот меѓу Израел и Иран

July 7, 2025
Фото: News Coverage  / Инстаграм

Украина спроведe една од најоддалечените операции на саботажа на руската воена инфраструктура во близина на Владивосток

July 7, 2025
фото: ДЗС

ДЗС: Активни четири пожари, два полициски и еден армиски хеликоптер го гаснат пожарот над магистралниот пат Скопје – Блаце

July 7, 2025

Инженери на Македонија: Се отвораат ли врати за скриени интереси со штотуку донесените измени на Законот за енергетика, дали се прави простор за привилегирани инвеститори?

July 7, 2025
Први коментари од Трамп откако неговиот мегазакон беше усвоен. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Трамп се заканува со царина од 10% за земјите што ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС

July 7, 2025
Blokada pred Praven fakultet vo Belgrad/ Foto> screenshot N1

На осмиот ден од протестните блокади во Србија, полицијата ги спречува блокадите во Белград

July 7, 2025
Фото: Скриншот

Во Собрание денеска продолжува расправата за ребаланс на буџетот

July 7, 2025

Израелските напади убија најмалку 38 лица во Газа, додека преговорите за прекин на огнот стигнаа до критична точка

July 7, 2025
Бенјамин Нетанјаху, израелски премиер (фото: МИА)

Нетанјаху денеска во Вашингтон на разговори за Газа

July 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Северна Македонија треба значително да ги засили амбициите во однос на зелената транзиција, препорачува ЕК

October 14, 2022 10:07
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија треба значително да ги засили амбициите во однос на зелената транзиција, особено во контекст на Зелената агенда за Западен Балкан. Во текот на наредната година земјата особено треба да ги забрза напорите за намалување на загаденоста на воздухот на локално и национално ниво, како и за намалување на дифузното загадување на слатководните ресурси. Да се спроведат мерки за воспоставување на регионален систем за управување со отпад, особено во Источниот и Североисточниот регион, како и да го спроведе Парискиот договор, вклучително и со усвојување на закон за клима, во согласност со Рамката ЕУ 2030, се истакнува во овогодинешниот извештај на Европската комисија во однос на Поглавјето 27 – „Животна средина и климатски промени“, пренесе МИА.

Во Извештајот се заблележува дека земјата има одредено ниво на подготовка во областа на заштитата на животната средина и оти е постигнат одреден напредок во однос на заштитата на природата и за климатските промени, вклучително и со подготовката и усвојувањето на Планот за управување со Националниот парк „Галичица“. Сепак, како што се посочува во Извештајот, имплементацијата останува загрижувачка во сите сектори.

Според Европската комисија, административниот капацитет од полето на животната средина, на сите нивоа останува слаб, со недоволни човечки и финансиски ресурси за спроведување на законодавството, а работата на инспекциите има мало влијание.

– Нема подобрување во спроведувањето на Еколошките проценките на влијанието, со недостатоци, особено во процесите на јавни консултации и во квалитетот на извештаите. Недостатокотот на транспарентност и пристап до информации продолжува да биде проблем, се наведува во Извештајот.

Имено, како што се посочува во текстот, усвоени се Законот за еколошка инспекција и некои измени на Законот, а продолжуваат и активностите во областа на еколошката одговорност.

Во однос на загадувањето на воздухот, во Извештајот се нагласува дека и покрај постигнатиот напредок, квалитетот на воздухот останува голем проблем во големите градови. Изработене е Програмата за намалување на загадувањето на воздухот, а во август и октомври 2022 година започна подготовката на четири планови за квалитет на воздухот, заедно со пет катастри на загадувачи на воздухот. Во општините Берово и Прилеп беа поставени две мониторинг станици за квалитетот на амбиенталниот воздух и беа заменети мерните инструменти на неколку постоечки мерни станици, стои во Извештајот на ЕК.

За управувањето со отпад, во Извештајот е нагласено дека е усвоен Националниот план за управување со отпад (2021-2031).

– Националниот план за превенција на отпадот (2021-2027) е подготвен, но сè уште не
усвоен. Започнаа активности за изградба на регионален систем за управување со отпад во неколку региони. Воведувањето на регионален систем за управување со отпад на Североисточниот и Источниот региони дополнително е одложено поради отпорот на општина Свети Николе кон домаќин на централниот капацитет за управување со отпад. Започнаа активностите за затворање на дивите депонии во Источниот регион. Регионалните структури за управување со отпад сè уште не се целосно оперативни. Селектирањето на отпад и економските инструменти за промовирање на рециклирањето, повторната употреба и спречувањето на отпадот остануваат ограничени. Се финализираа подготвителните активности за чистење на малата депонија во ОХИС и започна чистењето, се посочува во Извештајот.

Од ЕК посочуваат и дека Владата го вклучи воспоставувањето на инфраструктура за собирање и третман на отпадни води како една од структурните реформски мерки во Програмата за економски реформи 2022-2024 година, но нагласуваат дека брзината на подготовката и имплементацијата на преостанатите големи проекти останува предизвик.

– Постигнат е добар напредок во заштитата на природата. Вкупниот процент на заштитени областите се зголеми на 13,9 проценти од територијата на државата, се посочува во Извештајот.

Во август 2021 година, Комитетот за светско наследство ѝ даде на земјата дополнителни две години за спроведување на препораките на УНЕСКО за природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Од ЕК оценуваат дека спроведувањето на препораките останува недоволно и бара посилна посветеност и реакција од националните и локалните власти.

Во однос на цивилната заштита, во Извештајот се посочува дека шумските пожари и кризата со Ковид-19 ја истакнале потребата од зајакнување на правната рамка и институционални капацитети на органите за цивилна заштита.

За климатските промени, од Еврокомисијата забележаа дека капацитетот останува слаб и од аспект на човечки ресурси и од аспект на финансиски средства и покрај преземените напори.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ