• Latest

Шахпаска: Ги штитиме правата на работниците, тие се највредниот капитал што го имаме

June 13, 2021

Владата со препораки за заштита од топлотниот бран: Ослободување од работa бремени жени и лица постари од 60 години

July 4, 2025
Фотографија: Исечок од видео од првите сведоци на геноцидот во Сребреница / Радио телевизија на БиХ

Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

July 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на Oneindia News

Трамп очекува одлука од Хамас за 24 часа дали ќе го прифати „конечниот“ мировен предлог

July 4, 2025
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Украина мора да биде обезбедена со противвоздушна одбрана, да се убеди со зборови ракетата не е можно – може само да се собори

July 4, 2025

Молдавија се залага за гаранции за влез во ЕУ, под заканата од Орбан за блокирање на Украина

July 4, 2025
Фото: Фронтлајн.мк

Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

July 4, 2025
Гробовите на Сребреница

Канадската покраина Алберта го прогласи 11 јули за Ден на жртвите на геноцидот во Сребреница

July 4, 2025
Фото: НоваТВ

Зголемување од 2,3 проценти на запишани студенти во 2024/2025 во однос на претходната академска година

July 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на PBS NewsHour

Конзервативното мнозинство во Врховниот суд на САД во сите случаи пресуди против трансродовите лица

July 4, 2025
Чад се издига над Московската област, Русија на 4 јули 2025 година. Фото: ASTRA/Telegram

Украинските дронови погодиле повеќе цели во Русија, вклучително и клучна фабрика за воена оптика во Ростовскиот регион

July 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шахпаска: Ги штитиме правата на работниците, тие се највредниот капитал што го имаме

June 13, 2021 11:29
in ВЕСТИ, ИНТЕРВЈУ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Законското решение што го усвои Владата, а предвидува недела да биде неработен ден односно ден на неделен одмор е дел од политиката на Владата за заштита на правата на работниците. Со ова решение ние ги штитиме правата и на тие работници што поради виталноста на дејноста или технолошкиот процес мора да работат во недела, со тоа што превидуваме дневница поголема за најмалку 50 проценти и слободен ден во текот на следната недела, вели во интервју За МИА министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Убедена сум, додаваа таа, дека работодавачите со добар план и добра организација ќе го продолжат работниот процес без притоа некој да трпи некаква штета, а притоа ќе имаат позадоволни работници, кои ќе бидат попродуктивни.

Работниците, нагласува министерката за труд и социјална политика, се најважниот капитал на пазарот на трудот и затоа ние сме должни да го негуваме тој капитал, да го унапредуваме и да го направиме попродуктивен. Само ако им понудиме добри услови за работа, ако нивниот труд го цениме и соодветно го вреднуваме, нагласува Шахпаска, ние ќе ги задржиме работниците овде во Северна Македонија.

Таа додава дека политиката на Владата е конзистентна од самиот почеток. Порастот на минималната плата за повеќе од шест илјади денари за неполни четири години, како и растот на платите во сите сектори, здравство, социјала, образование е токму во тој правец, вели таа и нагласува дека се што се презема има за цел да се создадат задоволни и мотивирани работници.

 

На барање на синдикатите подолго време разговаравте за законското решение за недела да биде неработен ден. Владата го усвои решението. Што добиваат работниците со него? 

Правото недела да биде ден на неделен одмор е дел од владината програма, а секако тоа е и дел од изборната програма на СДСМ, со која ние побаравме доверба од граѓаните. Точно е дека и синдикатите се залагаа подолго време за ова право и навистина сум задоволна што преку конструктивен дијалог и со работниците и со работодавачите дојдовме до законско решение кое обезбедува за над 92 проценти од работниците денот недела да биде ден на неделен одмор.

Предлог-законот за измена и дополнување на Законот за работни односи, што Владата го усвои, а со кој се дефинира дека недела е ден на неделен одмор е добар од два аспекта. Од една страна создаваме можност за најголемиот број работници во државата недела да биде ден за неделен одмор, ден за семејството, ден за слободни активности, за дружење…

Од друга страна, ги заштитуваме и им даваме поголеми права на оној помал процент од околу осум отсто од работниците, кои сепак ќе мора да работат во недела. За нив обезбедуваме додаток на плата за работа во недела во висина од најмалку 50 проценти повеќе од дневницата што редовно ја добиваат, но и дополнително користење на слободен ден во наредните седум дена.

За вработените во трговијата, каде што исто така има одредени исклучоци,  додатокот на плата е во висина од 100 проценти, значи двојно повисока дневница во недела. Вработените во трговските центри во недела ќе работат само една смена од 10 до 18 часот, со што исто така се ограничува, односно се намалува бројот на работниците што ќе работат во недела и исто така ќе добиваат слободен ден што треба да го искористат во наредните седум дена.

Предвидени се дневници за 50 и 100 проценти поголеми од основните, но, со синдикатите најавивте дека се остава можност и за повисоки дневници во недела ако се договорат вработените со работодавачите. Мислите ли дека има простор таков договор да биде постигнат? 

Законот е јасен, додатокот за плата за работа во недела изнесува најмалку 50 проценти за секоја час поминат на работа, доколку со закон и колективен договор не е утврден повисок износ на додатокот. Оваа формулација дозволува во дејности каде што е повисок додатокот, како на пример во здравството, да се исплаќа повисокиот додаток. Но, исто така доколку работодавачите и работниците преку колективното преговарање утврдат повисок износ како додаток за работа во недела, законот дозволува да се исплаќа повисокиот износ.

Јас ги охрабрувам работниците и работодавачите да разговараат, да ги регулираат заеднички нивните меѓусебни односи, бидејќи колективното договарање е најдобриот начин на соработка кој може да обезбеди задоволни и продуктивни работници и успешни работодавачи.

Дали беше направена финансиска анализа за тоа дали и колку штети ќе претрпи македонската економија со тоа што недела е неработен ден? 

Анализи секако дека правевме и врз основа на тие анализи го креиравме законското решение и ги носевме одлуките. Јавноста знае дека првичната наша идеја беше во недела да не работат трговските центри, моловите. Но, анализите покажаа дека 50 проценти од својот промет трговските центри го остваруваат во недела. Во недела кај нас е присутен и шопинг туризмот, кој исто така дава значаен придонес во целокупната економија. Од тие причини одлучивме дека трговските центри ќе може да работат во недела, но под строго утврдени критериуми. Односно во една смена, со 100 проценти дневница за работата во недела, но и два проценти од прометот остварен во недела овие правни субјекти ќе уплаќаат во државниот буџет до 15 јануари следната година, пари што ќе се инвестираат во изградба на градинки.

Убедена сум дека работодавачите со добар план и добра организација ќе го продолжат работниот процес без притоа некој да трпи некаква штета. А притоа ќе имаат позадоволни работници, кои ќе бидат попродуктивни. Работниците се најважниот капитал на пазарот на трудот и затоа ние сме должни да го негуваме тој капитал, да го унапредуваме и да го направиме попродуктивен. Само ако им понудиме добри услови за работа, ако нивниот труд го цениме и соодветно го вреднуваме ние ќе ги задржиме работниците овде во Северна Македонија.

Нашата политика е конзистентна од самиот почеток. Порастот на минималната плата за повеќе од шест илјади денари за неполни четири години, како и растот на платите во сите сектори, здравство, социјала, образование е токму во тој правец. Да создадеме задоволни и мотивирани работници.

 

Кои се дејностите кои ќе работат во недела и се сметаат за суштински или неопходни, а на кои се од несуштинските ќе им биде дозволена работа во недела? 

Во процесот на подготовка на Предлог-законот за работни односи дојдовме до една листа од 41 дејност за кои заедно со работниците и со работодавачите оценивме дека мора да работат во недела доколку сакаме општеството да функционира, но и оние дејности каде што работниот процес не може да се прекине. На пример фармерството мора да функционира, медиумската дејност не може да не работи во недела, производството на леб, аптеките, собирањето на отпадот, транспортот, хотелиерството, телевизиската програма, безбедносниот сектор…

Во Предлог-законот се наведени и придружните и помошните дејности за кои во јавноста имаше и одредени стравување. Сакам да ги уверам граѓаните дека во рок од 60 дена од стапување на сила на Законот со подзаконски акт јасно и прецизно, низ еден транспарентен процес, ќе се дефинираат придружните и помошните дејности. Тоа ќе бидат само оние помошните дејности кои ќе мора да работат во услови кога главната дејност во недела не работи. На пример, банките во недела не работат, но ако на некој граѓанин во недела му ја украдат кредитната картичка, во банката мора да има служба што ќе работи во недела, каде што ќе се побара кредитната картичка да биде блокирана за граѓаните да не трпат штета. Таквите дејности ќе ги утврдиме дополнително со подзаконски акт.

 

Дали има проценка колку од работниците што досега работеле во недела ќе продолжат да работат, а колку нема да работат во недела со оглед дека имаше анализи на одредени институти дека само околу 43 илјади работници од оние кои работеле во недела веќе нема да работат? 

Анализите што ги направи Министерството за труд и социјална политика покажуваат дека со овој закон овозможуваме за 92 проценти од работниците во државата недела да биде ден на неделен одмор. Тоа е навистина голем процент на граѓани кои нема да работат во недела. Овој процент за нас е показател дека со овој закон ќе го постигнеме посакуваниот резултат.

Дејностите што се наведени како исклучоци се многу внимателно селектирани, само оние кои се неопходни за општеството, државата да функционира. Здравството, полицијата, социјалните служби, пожарникарите, комуналната дејност мора да работат во недела. И овие, суштински дејности, во основа, го сочинуваат најголемиот број на работници, оние осум проценти кои ќе работат во недела.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • 24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ