• Latest

Шахпаска: Продолжуваме силно да се бориме против насилството и да ги охрабруваме жртвите јасно и гласно да говорат

January 21, 2021

24 ЧАСА: Обвинети три лица за дивите депонии во „Вардариште“; за Сикорски тврдењето за украинска провокација е руска пропаганда; некои македонски медиуми премолчуваат дека руски дроновите упаднаа во Полска; бруталната реалност на московско-пекиншкиот „мултиполарен“ свет

September 11, 2025

ФОБИЈА ИЛИ НАРАТИВ: Зошто некои македонски медиуми не кажуваат дека соборените дронови во Полска се руски

September 11, 2025

Азизи: ДУИ платиле насилници да тепаат млади Албанци и да ја запалат џамијата во Попова Шапка – АА бара истрага од Обвинителството: ВЛЕН си играат со оган и меѓурелигиска омраза

September 11, 2025

РЕАКЦИИ: Обоени таблички – вистинска реформа или забава за народ?

September 11, 2025

Од „бастион“ на ДУИ, до „Чаир на Изет“

September 11, 2025

Ангелов: „Вардариште“ го чува агенција за обезбедување, по изборите Владата и новиот скопски градоначалник ќе се зафатат со трајно решение за депониите

September 11, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинение против три лица за дивите депонии во „Вардариште“

September 11, 2025

Судскиот совет нема да постапува за време на локалните избори

September 11, 2025

Фетаи ќе раководи со новоформираниот Национален совет за финансиски истраги и конфискација на имот

September 11, 2025

Новите правила за влез во ЕУ почнуваат од 12 октомври, ќе важат и за македонските државјани

September 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шахпаска: Продолжуваме силно да се бориме против насилството и да ги охрабруваме жртвите јасно и гласно да говорат

January 21, 2021 09:45
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Состојбата во нашата држава се менува во позитивна насока, особено последниве неколку години,затоа што  говориме многу гласно за овие прашања. Затоа што организирано како институции, како власт, како парламентарци правиме се што придонесува за состојбите на насилството, семејното  насилство, сексуално вознемирување, бидат состојби за кои јавно ќе зборуваме, со цел подигнување на јавната свест, преку јавно именување на сторителите на насилство  и одбележување на насилството како негативна појава во општеството,“ потенцираше министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска на емисијата „Утрински брифинг“, на тема насилство , превенција од истото, охрабрување на жртвите за негово пријавување и кои механизми нашата држава ги има за борба против сите форми на насислтво.

Министерката Шахпаска посочи дека состојбата се  менува, како што се  менува и позицијата на жената. Преку нејзино активно вклучување на пазарот на трудот, во  јавниот и  политичкиот живот, во бизнис секторот.

„Постојат актуелни закони и закони донесни во изминатиот период со кои што сериозно се спротивставуваме во било кој облик на насилство. Особено е важно јасно и гласно да се зборува, преку кампањи кои и на локално ниво, ќе го адресираат насилството како негативна појава и да се даде поддршка на некој кој го имал ова искуство“, истакна министерката .

Шахпаска  истакна  дека не е срамно, што некој бил жртва на насилство, туку напротив само преку гласно зборување можеме сите заедно да превенираме во препознавање и заштита од насилство. Во таа насока е изработена и мобилната апликација „Биди безбедна“, во соработка со УНДП, преку која на едноставен и брз начин жртвата може да пријави насилство, побара помош и добие информации.

Како законски решенија кои постојат и досега во борба против насилството Шахпаска ги посочи, Законот за работни односи, каде постои мобинг и сексуално вознемирување, потоа Кривичниот  закон, Закон за спречување и заштита од дискриминација, а како најново законско решение Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, закон кој е поддржан од власта и опозицијата.Законско решение кое претставува унифициран систем со дата база на податоци во Министерството з атруд и социјална политика,со податоци од различни институции.

Во однос на пријавени случаи мин истерката ја посочи бројката од измината година јануари – септември 1168 случаи на насилство , од кои за сексуално насилство имало  4 пријави, 585 физичко насилство, 813 психолошко. Од овие пријавени случаи сторители се 90% мажи.

Шахпаска посочи дека МТСП како надлежно министерство, организира Центри за жртви, кои се осум на број во држата и каде жртвите можат да бидат згрижени од 3 -12 месеци, прифатилишта за жртви од 24-72 часа, советувалишта каде добиваат психо социјална поддршка од стручни кадри, дообука, едукација, вклучување на пазар на трудот и излезат од средината , да не бидат економски завоиснои како честа причина за враќање кај насилникот.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    151 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    135 shares
    Share 54 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ