• Latest

Шаќири: Ако вложувате во своето знаење, пазарот на трудот лесно ќе ве најде

July 1, 2022

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
Фотоколаж: Фб, страна на Христијан Мицкоски/ скриншот од Инстаграм

Додека Лондончани се радуваат на палењето на Божиќните светла, во Скопје се радуваат на ротационите светла на камионите за собирање ѓубре

November 8, 2025
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири: Ако вложувате во своето знаење, пазарот на трудот лесно ќе ве најде

July 1, 2022 22:06
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири присуствуваше на денешното доделување на дипломи на четвртата генерација на дипломирани студенти на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

Министерот во своето обраќање ја потенцира важноста на континуираното вложување во образованието.

-Сакам да ви порачам дека мора да се обидете, како професионалци кои што ја сакаат својата земја и го посакувате успехот – за да го постигнете истиот и за оваа среќа наместо да трае три дена, туку да потрае во континуитет, мора постојано да се трудите, да вложувате напори и време во вашето знаење. Учењето не завршува денеска. Ако го надоградувате, лесно ќе се вработите. Лесно ќе ве најде пазарот на трудот, приватниот сектор, каде што платите се веќе на завидно ниво. Тоа си го должите сами на себе, на вашите родители и семејства, на вашата земја. Рим не е изграден преку ноќ, исто како и подобрата перспектива која не мора да се најде во странство, истакна министерот Шаќири во своето обраќање, пренесува МИА.

 

Тој додаде дека на неколкуте средби што ги остварил со студенти стипендисти на МОН, кои што студираат на престижни Универзитети низ светот, тие сите посакуваат да се вратат во земјава.

-Тука животот е поубав, дома. Сонцето грее поинаку тука, почвата дава поинаков род, овошјето е поблаго, пријателите ги гледаме секој ден. Времето сè уште го имаме на располагање. Бидете репер за вашите врсници, а со тоа и за идните поколенија, рече министерот.

На дипломираните студенти им порача дека секој од нив ја има одговорноста да биде подобар и да се стреми кон правење подобри дела од оние на претходните генерации.

 

-Секој мора да создаде свој бран на надеж за доброто на оваа земја. И кога ќе го направите ова, кога тие бранови ќе се спојат, ќе создаде енергија што ќе не однесе кон подобра иднина. За вас завршува едно важно патување, а од другата страна ќе започнат нови обврски. Посакувам во ова ново патување, правилно и целосно да ги искористите сите знаења, вештини и искуства стекнати за време на студирањето на Универзитетот. Ви посакувам да ја пронајдете вистинската инспирација и мотивација за да се изградите уште повеќе професионално, бидејќи образованието е единствениот начин за развој, напредок и достигнување на целосниот потенцијал на секој поединец и целото општество. Ова е ваш момент и имате можност да бидете дел од нешто многу значајно, оцени министерот.

Шаќири порача дека МОН и Владата се целосно посветени, во рамки на можностите, да помогнат со различни инструменти, за вработување на поуспешните и задржување на умот во Северна Македонија

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ