• Latest

Шаќири: Бројот на вработени во јавниот сектор намален за 1.717 лица

April 8, 2021
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шаќири: Бројот на вработени во јавниот сектор намален за 1.717 лица

April 8, 2021 14:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бројот на вработени во јавниот сектор заклучно со 31 декември 2020 година изнесува 131.183 лица. Тие својот работен ангажман го реализираат во 1332 институции. Од вкупниот број, 19.594 лица биле вработени во Армијата, МВР, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање и во Управата за финансиска полиција. Освен како бројка за овие вработени лица во извештајот не се прикажуваат други детали, други детални анализи и тоа поради законски и безбедносни причини.

Деталната обработка и презентација на податоците се врши за преостанатите 111.589 вработени лица. Во вкупниот број вработени влегува целиот јавен сектор, како што е дефинирано во Законот за вработени во јавниот сектор, односно прикажани се податоци за вработените во институциите од државната власт, во општините, јавните установи од областа на образованието, здравството, културата, социјалната заштита, јавните претпријатија итн.

Ова денеска го истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири на прес-конференција на која го презентираше годишниот извештај за вработените во јавниот сектор. Посочи дека за истакнување е дека бројот на вработени во органите на државната власт претставува само 12,2 проценти од вкупниот број на вработени во јавниот сектор, односно од вкупно 131 183 лица во Владата, министерствата, органите во состав на министерствата, самостојните органи на државната управа итн. се вработени околу 15.945 лица.

Од анализата на податоците на Извештајот за 2020 година, посочи министерот, произлегува дека најголем е бројот на вработени лица во дејноста на образованието и тоа со 32 проценти, потоа здравството  – 19 проценти, управата – 14 проценти, па вработени во комуналните дејности на јавните претпријатија со 9,6 проценти, дејноста детска заштита и социјална политика се 6,8 проценти.

Тој рече дека споредено со истиот период минатата година бројот на вработени во јавниот сектор е намален и тоа за 1 717 лица. Намалување на бројот на вработени, појасни, има во органите на државната власт.

– Во 2019 година во органите на државна власт биле вработени 16.522 лица, а во 2020 година овој број е 15.945, што е намалување за 577 вработувања или три проценти. Но, ако како држава во 2020 година бележиме намалување на бројот на вработени во државниот апарат тоа не е случај со вработеноста во институциите во некои од клучните сектори како здравството и во детската и социјалната заштита. Напротив, во овие сектори извештајот покажува зголемување на бројот на вработени. Тоа илустрира дека новите вработувања се прават таму каде за тоа има вистинска потреба. Исто така, во 2020 година е зголемен бројот на вработени лица со високообразовни квалификации. Повеќе од половината, односно 53,62 проценти од вработените лица во јавниот сектор имаат најмалку високо образование, а 2 660 се вработени доктори на науки, истакна Шаќири.

Потенцира дека извештајот покажува дека поголем број вработени во јавниот сектор се жени и тоа со 54,83 проценти наспроти мажите кои се застапени со 45,17 проценти, а просечната возраст на вработени изнесува 46 години.

– И оваа година иако тоа не претставува законска обврска, се објавени податоци за бројот на вработени во акционерските држави во државна сопственост и за лица вработени преку Агенцијата за привремени вработувања. Во акционерските друштва во државна сопственост се вработени 10.390 лица, од кои 9919 на неопределено време, 95 на определено време и 367 преку Агенцијата за привремени вработувања. Овој број не влегува во анализата содржана во овој извештај. Преку Агенцијата за привремени вработувања во институциите на јавниот сектор работно ангажирани се вкупно 2 425 лица и тие немаат статус на вработени во јавниот сектор и не влегуваат во анализите содржани во извештајот, додаде Шаќири.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ