• Latest

Шаќири: МИОА е исклучително посветена на визијата за отворена Влада

April 13, 2021

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шаќири: МИОА е исклучително посветена на визијата за отворена Влада

April 13, 2021 19:27
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири денеска учествуваше на министерскиот состанок за Отворено владино партнерство (ОВП), во рамки на денешната седница на Владата, заедно со премиерот Зоран Заев и извршниот директор на Отворено владино партнерство од Њујорк, Санџај Прадхан.

На состанокот, како што соопшти МИОА, се разговараше за значењето на Отвореното владино партнерство за Северна Македонија и неговата имплементација и достигнувања, со цел унапредување на постојните вредности на транспарентно, отчетно и одговорно работење на Владата.

Министерот Шаќири посочи дека МИОА како надлежна институција за координација на процесот за ОВП работи во тесна соработка со невладиниот и јавниот сектор и е исклучително посветена на визијата за отворена влада.

-Зад себе имаме четири акциски планови и резултати кои направија промена во нашето општество и тоа не само како конкретно реализирани проекти, туку ја унапредија културата на работењето на институциите на начин што денес јавноста полесно може да го разбере работењето на Владата и да влијае врз нејзината работа преку вклучување во процесите на креирање на јавните политики и испораката на јавните услуги, рече Шаќири, додавајќи дека постојат механизми преку кои јавноста може да бара од Владата одговорност за нејзините политики и перформансите на испорачаните услуги.

Министерот Шаќири најави дека во јуни, како резултат на еден динамичен и инклузивен процес на подготовка, со активна вклученост на претставници од граѓанскиот и јавниот сектор, Советот за ОВП, Мрежата на граѓански организации за ОВП, ќе произлезе петтиот Национален акциски план за Отворено владино партнерство за периодот 2021-2023 година.

Во меѓувреме, пуштен е во употреба порталот за Отворено владино партнерство кој преставува централна точка за консултација, мониторинг, вклучување, вмрежување и известување на сите засегнати и заинтересирани страни во овој процес.

-Верувам дека со иницијалната заложба во следните две години, да се работи интензивно на прашањата за пристапот до правда, правното зајакнување на граѓаните и унапредување на правната заштита особено на младите, маргинализирани групи и жени, унапредување на испораката на јавни услуги, продолжување на активностите поврзани со јавно објавување на информација за вистинските сопственици, отворањето на нови податоци, како и активностите за спречување на корупцијата преку унапредување на транспарентноста на процесот на именување на функционери, надоградба на системот за презентација и транспарентност на анкетните листови и изјава на интереси, ќе се обезбеди вистинско препознавање на резултатите а граѓаните ќе бидат во можност да ја потврдат промената, заклучи министерот Шаќири.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ