• Latest

Шекеринска: Без Договорот од Преспа, нема членство во НАТО

January 23, 2020
Фото: Генерирано со ВИ

Мерц и Стармер го повикаа Иран веднаш да започне преговори со САД и Израел

June 22, 2025

Гроси свика за утре итен состанок на Меѓународната агенција за атомска енергија

June 22, 2025

Лојалност – награда – глупост

June 22, 2025
Фото: Скриншот

Евакуацијата на странски државјани преку аеродромот во Тел Авив засега е невозможна, соопшти Македонската амбасада

June 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
BFBS Forces News

Моќта на американските Б-2 бомбардери во нападите врз нуклеарните цели во Иран

June 22, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

вЛажните сновиденија на Александар Николоски

June 22, 2025
By USAF - www.af.mil, Public Domain (Wikipedia)

Иранците тврдат дека Фордо не претрпе значителна штета, МААЕ соопшти дека нема зголемена радијација надвор од нуклеарните објектите

June 22, 2025

📅 САД-Иран-Израел, од преговори до бомбардирање: Хронологија на настаните, 12 април – 22 јуни

June 22, 2025

Трамп: Фордо го нема – од „прозорец за дипломатијата“ до бомбардирање – за 48 часа

June 22, 2025

„Марш за ангелите“ во Кочани – родителите на починатите деца побараа одговори од МВР, УЈП и од Обвинителството

June 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Без Договорот од Преспа, нема членство во НАТО

January 23, 2020 16:23
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Членството во најмоќниот воено политички сојуз – НАТО, станува реалност на која сите граѓани се пособено горди. Успехот е заеднички и е резултат на одлучноста на граѓаните, но и на одговорните и државнички политики во изминатите 2,5 години“, изјави денес министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Охрабрувачки се последните вести од Шпанија и дозволете ми во името на Владата да ги поздравам овие вести. Станува јасно дека нашиот приоритет е и приоритет на НАТО и приоритет на земјите членки на НАТО и фактот дека новоформираната влада во Шпанија веднаш го пушти Законот за ратификација и тоа во брза постапка покажува дека го делиме приоритетот, час поскоро да станеме членка на Алијансата“, рече Шекеринска.

Но и како одговорна министерка, подвлече Шекеринска, во ресор кој што е и најдиректно врзан со членството во НАТО сакам најсериозно да предупредам на опасноста од заговарање на идеите за поништување или повторно отворање на Договорот од Преспа. „Без Договорот од Преспа, нема членство во НАТО. Без членството во НАТО нема безбедност, стабилност, сигурни државни граници и обезбедена иднина. Без НАТО нема ни зголемени инвестиции, ни засилен економски раст“, истакна министерката.

Шекеринска рече дека најновата намера, или манипулација, дека одредени политички сили ќе се обиделе да го отворат повторно за преговори Преспанскиот договор, токму во овие моменти на финални чекори до членството во НАТО е крајно неодговорно и опасно. „Без разлика дали овие наводи се манипулативни или сериозни, да се чепка во Договорот од Преспа кој е склучен помеѓу два соседи со силно присуство и поддршка на меѓународната заедница, е исто како овде на Балканот да се пали буре-барут“, рече во својата изјава министерката Шекеринска.

Шекеринска повторно ги повика пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да го поддржат Законот за одбрана.

„Дозволете ми барем на крајот од овој процес да и помогнат на државата да го искористи членството во НАТО, за гарантирање на колективната безбедност. Законот за одбрана значи дека ние дефинитивно ќе бидеме под чадорот колективен на безбедност на НАТО. И Законот за одбрана е вистина стратешки државен приоритет. Кој е против Законот за одбрана, за чие гласање е неопходно двотретинско мнозинство, тој реално е против нашето членство во НАТО“, истакна министерката Шекеринска.

На новинарско прашање дали на време ќе се заврши ратифакцијата и во Шпанија и во Македонија, со оглед на распишувањето на предвремените парламентарни избори, Шекеринска одговори дека е сигурна во огранизирање на изборите како 30 членка на НАТО.

„По 30 години вртење во место, по 30 години ветувања на многу политички елити, ќе ја имаме честа и одговорноста да сме биле тука кога е постигнат тој најголем успех. Мислам дека тоа ќе биде најоглемиот резултат што дури и критичните граѓани ќе го поздарват со релаксација и здивнување. Долго време се плашевме дека на првата кривина нешто ќе се случи спротивно на нашите интереси. Покажавме дека ова го почнавме и за две ипол години го крунисавме со успех. Тоа е успех на Владата, но пред сè тоа е успех на нашата држава“, одговори Шекеринска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Напад со „валкана бомба“: Можен следен потег на Иран против Израел

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ