• Latest

Шекеринска: Членството во НАТО е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава

March 27, 2021
Од јавниот собир за Кочани во Скопје, 18 март 2025 (фото: ЦИВИЛ)

Утре протест во Скопје: Шест месеци од трагедијата во Кочани

September 15, 2025
Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

September 15, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска: Членството во НАТО е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава

March 27, 2021 12:34
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

-Оваа генерација македонски граѓани знаеше дека единствениот вистински начин да се одолжиш на своите претци за нивните историски и исправни одлуки е да ја покажеш истата храброст и мудрост тогаш кога ќе ги биеш новите битки, изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска во обраќањето на централната свеченост за одбележување на првата годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО во касарната „Илинден“ во Скопје.

– Членството во НАТО беше наша битка и ние оваа битка ја добивме со жртви, со ризици и со многу работа, но ја добивме. Членството на Република Северна Македонија во најмоќниот воено политички сојуз е најголемото достигнување во нашата историја како независна држава, достигнување кое значи препознатливост во светот, стабилност и  безбедност. Безбедност која нуди шанса за просперитет,која значи посакуваност на инвестициската авторитет и меѓуанроден углед, истакна Шекеринска.

Таа нагалси дека до пред членството во НАТО бевме сами, а сега сме дел од една милијарда луѓе под колективниот безбедносен чадор на Алијансата, што, како што нагласи, е навистина голем успех.

– Членството во НАТО беше наша битка и ја добивме. Но, некои понесоа поголем товар од останатите и затоа сме токму тука во касарната „Илинден“ да ја одбележиме првата годишнина од НАТО членство, додаде Шекеринска.

Министерката за одбрана истакна дека најкорисниот совет што го добила многу години одамна е дека не е  важно она што луѓето го говорат за себе, бидејќи можат многу да зборуваат и многу да кажуваат, туку е важно она што го направиле.

– Кога ве гледам сите вас, знаеме што сте направиле и знаеме дека тие ваши резултати не лажат. Денеска сме тука да си ја честитаме првата година од нашето НАТО членство, но и да изразиме почит кон сите вас, кон сите ваши претходници кои низ бројните тренинзи, вежби и обуки во странство учество во меѓународни мисии во Авганистан и Косово му покажаа на светот и на НАТО кои сме,какви сме и колку сме сериозни во нашата намера да успееме, потенцира Шекеринска.

Таа нагласи дека НАТО не стави во движење дури и пред да станеме членка, бидејќи почнавме трансформација и реформи, го подигнавме темпото и носевме одлуки.

– Затоа денеска сме подобри, затоа и ќе продолжиме, ќе продолжиме да ја градиме армијата како гордост на секој наш граѓанин, Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Србин, Влав, Бошњак. Ќе продолжиме да и обезбедуваме секоја година повисок буџет за да секој момент имаме армија на која што можеме да се потпреме и во војна и во мир, во добро и во лошо, при криза, епидемија, пожари или поплави. Ќе продолжиме да градиме интегритет и транспарентност по кој станавме претпознатливи, рече министерката за одбрана.

Спортед неа, целосната воена интеграција во НАТО значи дека ќе бидеме подбори но не само заради Алијансата, туку пред се заради нас.

Кога вложуваме во вас, во вашите примања, во вашите услови за работа, во шансите за работа, но и за пензионирање, вложуваме во нашиот сон. Кога инвестираме во сајбер безбедност инвестираме за безбедност во домашната инфраструктура и сигурност на нашите системи за снабдување. Кога ги ремонтираме нашите хеликоптери имаме дополнителен државен ресурс. Кога обезбедуваме оклопни возила и друга воена опрема тоа го правиме за да дадеме сила и сигурност на македонската одбрана. Владата ќе продолжи да инвестира и да ја модернизира Армијата не само за НАТО, туку за нас, за нашата безбедност, за овие момци, и девојки, за овие офицери и подофицери, за нивното знаење, но и за срцето со коешто влегуваат во секоја битка и во секој предизвик, порача Шекеринска.

Таа нагласи дека токму во тој дух Армијата развива нов лесен пешадиски баталјон кој веќе следната година треба да биде подготвен за распоредување и во 2027 година ќе прерасне во лесна пешадиска баталјонска група, а се развиваат и два тима за специјални операции, леден хируршки тим, како и тимна специјалисти за стабилизација и реконструкција.

– Нашата армија како што денеска можевте и можете да се уверите има што да им понуди на сојузниците. Денеска го видовте нашиот сојуз, сојуз на небо и на земја. Сојуз на нации со исти вредности и иста цел, безбедност и мир во свет којшто стана уште понепредвидлив од пандемија, тероризам, засилена геополитичка конфронтција, сајбер напади, па се до лажни вести,климатски промени и елементарни непогоди. Сојуз во кој имаме што да понудиме, истакна Шекеринска во обраќањето на церемонијата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Хаотично заебавање

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ