• Latest

Шекеринска: Денеска не е само ден на жените, денеска треба да биде и ден на женската солидарност

March 8, 2021

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Шекеринска: Денеска не е само ден на жените, денеска треба да биде и ден на женската солидарност

March 8, 2021 15:49
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска не е само ден на жените, денеска треба да биде и ден на женската солидарност и ден во кој најмногу се радуваме кога мажите ќе не поддржат во битката за ова да не остане само наша битка, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска за време на нејзиниот престој во Битола.

На трибината „Жените, носители и креатори на политики“, министерката Шекеринска посочи дека во нашето општество се уште постојат сериозни проблеми за жените кои мора да ги решаваме, и затоа и денеска ја испраќаме пораката до сите државни органи, до Јавното обвинителство, дека насилството кон жените создава и физичко насилство, и ако не реагираме денеска, утре ќе имаме поголем проблем.

– Битола е една од ретките општини што има градоначалничка и една од општините што покажа дека знае да даде шанса, можност, сила, енергија и одговорност и на една жена. Пред повеќе од 100 години 8-ми Март бил симбол на борбата за еднаквост во смисла на нашето право за глас. Пред 50 години, кога се зборувало на овие теми, битката била да се добие шанса за иста работа, да се добие шанса за подобро образование, да се добие шанса да се биде сметан за еднаков на работните места. Многу работи се променија и многу борби се добиени, но се уште зборуваме за планини кои треба да ги искачиме, се уште зборуваме за проблеми со кои што се соочуваат жените, а со кои мажите не мора да се занимаваат. Затоа на денот на жената, да се потсетиме на тоа што го сработиле тие пред нас, но и да се потсетиме и дека ние треба да придонесеме. Нашиот придонес денеска е да помогнеме на оние жени кои останале сами, на оние жени кои што се во потешка ситуација, на оние девојки што немаат подеднакви права за образование и работа, и да им помогнеме да ги совладаат и системските слабости кои што општеството пред нив ги поставува, нагласи таа.

Ова е ден, според Шекеринска, во кој што треба да си поставиме поамбициозни цели, односно жените да ги има повеќе на местата каде што се одлучува на државно и на локално ниво, да се потсетиме дека за иста работа треба подеднакво да бидат платени, семејствата во општеството трева да ги градиме како семејства на еднакви, но се разбира, денеска треба да се потсетиме дека не чека голема работа за да го сузбиваме и со успех да се бориме против родово базирано насилство, насилството насочено кон жените кое не е само физичко, туку често пати знае да биде со психолошки притисок, притисок преку социјалните мрежи, притисок на средината каде што понекогаш жените кои отскокнуваат од другите, и не се прифаќаат најмногу.

-Тоа што се случуваше со т.н. „Јавна соба“ покажа дека во нашата држава и во нашето општество сеуште постојат сериозни проблеми за жените кои мора да ги решаваме за да тие девојки и жени можат да живеат, работаат и создаваат семејства – слободни, а не под притисок на закани, насилство или одбивања од страна на еден дел од средината, и затоа и денес ја испраќаме пораката до сите државни органи, до Јавното обвинителство дека ваквиот тип на насилство кон жените создава и физичко насилство, и ако не реагираме денес, утре ќе имаме поголем проблем. Денеска не е само ден на жените, денес треба да биде и ден на женската солидарност и ден во кој најмногу се радуваме кога мажите ќе не поддржат во битката за да ова не остане само наша битка, истакна министерката Шекеринска.

Пред аудиториумот во Битола свои обраќања имаа пратеничката во македонскиот парламент Бисера Костадиновска Стојчевска, која истакна дека го креваме гласот за жените кои од различни причини не успеале да го кренат својот глас.

Градоначалничката Наташа Петровска потсети дека секое време има свое бреме. – Никогаш не е доволно и никогаш не сте направиле доволно, се додека се зборува за родова еднаквост, нагласи Петровска.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ