• Latest

Шекеринска: Кога Армијата е посилна и државата е посилна

June 28, 2021
Илустрација ВИ

Сè што треба да знаете за изборниот материјал, што е што во изборен контекст

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Палестинските фракции почнаа да го предаваат оружјето во бегалскиот камп во Бејрут

August 22, 2025

Локални избори 2025: Кој и како ги поднесува кандидатските листи?

August 22, 2025

Еднострано раскинати три концесии за експлоатација на минерални суровини, објави Министерството за енергетика

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на
NBC News

Апелациониот суд во Њујорк ја поништи казната против Трамп за граѓанска измама од околу 500 милиони долари

August 22, 2025

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

August 22, 2025
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател Болсонаро планирал да избега во Аргентина барајќи азил, обвинува бразилската полиција

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Каја Калас: Предложените концесии на земјиште од Украина се стапица на Путин, најсилната безбедносна гаранција е силна украинска армија

August 22, 2025
Фото: Министерство за правда

Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

Израелскиот  министер за одбрана: Градот Газа ќе биде срамнет со земја ако Хамас не се согласи со нашите услови

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шекеринска: Кога Армијата е посилна и државата е посилна

June 28, 2021 17:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Задоволство ми е денеска што сме овде заедно за да покажеме на кој начин напредува нашата билатерална соработка со стратешкиот партнер и сојузник – САД, но како напредува и модернизацијата и опремувањето на нашата армија“, рече министерката Радмила Шекеринска на денешното примопредавање на мобилната станица за деконтаминација, донација од САД.

На примопредавањето, на кое присуствуваше и амбасадорката на САД Кејт Мари Брнз и тимот за обука од САД, беше извршена презентација на можностите на станицата која може да опслужи и до 50 луѓе наеднаш, како и презентација на извидничката опрема за откривање на радиолошко, хемиско и биолошко оружје.

 „Ова што денеска имавме прилика да го видиме е речиси целосно заокружување на системот со кој што и Армијата на Република Северна Македонија ги развива своите капацитети за атомска, биолошка и хемиска одбрана и со кои што и ние како Армија – членка на НАТО алијансата обезбедуваме опрема која што е неопходен дел од синџирот на обезбедување“, истакна министерката. Со нашиот сојузник, САД, рече Шекеринска, покажавме дека како што работевме заедно на нашето членство во НАТО, така и по членството работиме на развој на нашите капацитети, на развој на Криволак, на развој на одбранбената и севкупната соработка помеѓу нашите две земји.

Министерката рече дека поддршката од сојузниците како САД, доаѓа затоа што покажавме и иницијатива и резултати и во сопствен развој на нашите армиски способности. „Денеска сме тука да ја видиме опремата која ја добиваме како донација, но веќе за Армијата ние успеавме да обезбедиме одреден број на заштитни маски со договор кој што е веќе потпишан а во тек е набавка и на 1000 комплети за АБХО опрема кои што ќе бидат насочени на нашата лесна пешадија, на тимовите на специјалци и на АБХО четата која што денеска ни е домаќин“, посочи Шекеринска и додаде дека опремата ќе стои на располагање и на цивилните институции.

„Кога Армијата е посилна, и државата е посилна“, рече таа. Амбасадорката Брнз рече дека мисијата на АБХО единицата е единствена и посебна не само затоа што е обучена да ги спасува граѓаните на Северна Македонија во војна туку затоа што и служи на државата во случаи на природни катастрофи и други предизвици.

„Видовме денес дека пред нас стојат професионалци кои знаат како да ракуваат со оваа опрема и навистина ми претставува задоволство што ќе имаат можност да работат на најдобрата опрема за АБХО заштита“, истакна Брнз и додаде дека ја очекува со нетрпение нивната изведба во септември во Охрид, на вежбата на Координативниот центар на НАТО за одговор на катастрофи.

„Може да заклучиме дека начинот на кој што одговараме и на климатските промени и на нападите од надворешни чинители е начин на кој што и Алијансата функционира, односно тоа докажува дека заедно сме посилни што всушност е паролата на НАТО и на соработката помеѓу САД и Република Северна Македонија“, рече амбасадорката Брнз.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ