Насилството беше последното прибежиште на режимот! Се обидоа, но не ја спречија слободата. Сите плативме цена, и како луѓе и како држава, но покажавме дека имаме сила и одлучност за пресврт!
Четири години по крвавиот четврток во Собранието, сведочиме на шокантно сознание – иницијаторите на нападите не ја научиле лекцијата и бесрамно застанаа во одбрана на насилствата. Користеа насилство за да сочуваат власт, за да ја цементираат својата моќ, за да продолжат да владеат со страв и корупција.
Сега одново го поддржуваат насилството со истите цели на ум: власт, моќ, неказнивост.
Без разлика дали се само пиони на режисерот од Будимпешта или негови прагматични ученици – овие слики не смеат да се повторат. Тоа е првата лекција без која никој не смее да има пристап во политиката!, напиша министерката за одбрана Шекеринска на својот фејсбук статус.