• Latest

Шекеринска по повод Денот на Првата пешадиска бригада: Ако Армијата е тело, вие сте неговото срце

April 2, 2021
REAKCII VODA

РЕАКЦИИ: Недостиг на вода и во град и во село – сите ја делат истата мака

July 9, 2025

24 ЧАСА: Извештајот на ЕП усвоен без македонски идентитет и јазик, Мицкоски вели – остануваме горди; Еден повреден, нападнати новинари, приведен газдата на опожарениот отпад во Визбегово, Русија со масовен напад врз Украина по критиките на Трамп кон Путин

July 9, 2025

Во Крива Паланка три пожари, поради ветерот постои опасност да се приближат кон домовите на жителите на населбата Лозаново

July 9, 2025
Фотографија: Wikipedia

Литванија и Финска тргнуваат во масовно производство на мини

July 9, 2025
фото: Влада

Започна изградбата на гасоводниот интерконектор со Грција во вредност од околу 60 милиони евра, Мицкоски вели – стануваме значајна енергетска крстосница

July 9, 2025
фото: МВР

Целосно прекинат сообраќајот кон Граничниот премин Блаце поради пожар

July 9, 2025
Фото: ЗНМ

Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

July 9, 2025
Фотографија: Скришот од Би-би-си

Цената на ретките земни метали што светот ги купува од Кина: Загадена вода, контаминирана почва и загрозени животи

July 9, 2025

Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

July 9, 2025

Вајц: Северна Македонија лидер во регионот, за жал, бугарски европратеници го искористија Извештајот за внатрешни потреби

July 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шекеринска по повод Денот на Првата пешадиска бригада: Ако Армијата е тело, вие сте неговото срце

April 2, 2021 13:36
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Со интонирање на државната химна и химната на Армијата на Република Северна Македонија, денеска во Касарната Илинден во Скопје почна, свеченоста по повод Денот на Првата пешадиска бригада, на која присуствуваат министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на бригадата, бригаден генерал Бесник Емини.

Министерката за одбрана Шекеринска истакна дека и е чест што присуствува на одбележувањето на Денот на Првата пешадиска бригада.

– Ако Армијата е едно тело, тогаш вие сте срцето, па и ’рбетот, на тој организам. Вие сте јадрото, без кое тој организам не може да постои и не може да ја покаже својата сила и својата виталност. Во тоа најдиректно се уверив и јас и многу мои колеги, и минатата година, кога и ние, како и светот, бевме погодени од пандемијата. Во тие моменти, на пандемијата одговоривме со вонредна, а потоа и со кризна состојба. И единствената и суштинска причина, зошто тие состојби ни беа неопходни, беше за да ве искористиме вас, вашата професионалност и знаењето, искуство и моќта на оваа армија. Бевте секаде каде што државата тоа од вас го побара, потенцира Шекеринска.

Таа подвлече дека војниците прво заминале во Дебар, каде им помогнаа на граѓаните, кои први се соочија со злото наречено корона вирус. Потоа биле присутни во болниците и околу нив, каде што поставувале шатори, дезинфицирале јавни површини.

– Несебично им помагавте и им помагате на своите колеги и во здравството и во полицијата. Бевте и сте на границите. Спречивте, само во минатата година, 1400 обиди за илегално поминување на границата. Затоа, вчера Владата повторно донесе одлука со која се прогласува кризна состојба на нашата јужна и северна граница. Не заради друго, туку за да вие можете да го покажете своето, за да продолжите со одличната работа и за да ние можеме да живееме без грижа што се случува на и околу нашите граници. Со околу 300 интервенции во граничниот регион кај Гевгелија ја заштитивте и ја одржавте функционална безбедносната ограда. Ја браневте својата татковина и своите граѓани, истакна министерката за одбрана, додавајќи дека нема поголема гордост од тоа да сториш нешто за својата држава и за граѓаните, порача министерката.

Таа се осврна и на тоа дека улогата на Првата пешадиска бригада е клучна и за нашето членство во НАТО, потенцирајќи дека баталјонот се обучува според највисоките стандарди. Шекеринска спомне дека од оваа бригада се препознатливи и во разните НАТО мировни операции, од Авганистан, па и претходно во Ирак.

-Вие сте нашите воени амбасадори  и први претставници, подвлече Шекеринска.

Началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски им оддаде јавно признание на припадниците на Првата пешадиска бригада за нивниот квалитет, професионализам и резултати во извршувањето на секојдневните работни задачи.

-Граѓаните, државното раководство и Генералштабот ги препознаваат резултатите и патриотизмот во извршувањето на задолженијата на дневна основа. Од денеска продолжуваме со асистенција на Министерството за внатрешни работи во справување со кризата со мигранти на јужната и северната граница. Продолжуваме со нашата поддршка на министерствата за справување со пандемијата, како и со нашите трансформациски процеси кои се спроведуваат и во овој момент. Очекувам успешно завршување на процесот на трансформација во периодот кој следи и наредната година на денот на одбележување на Првата пешадиска бригада тој процес да биде завршен, рече началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

На свеченоста беа доделени парични награди и благодарници на воени и цивилни лица за вложениот труд во Армијата.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ЗНМ

    Физички нападната новинарска екипа на АЛСАТ М во Визбегово, ЗНМ со остра осуда

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Канта за смет

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Потресни сведоштва од Сребреница: Објавени снимки од првите сведоци на геноцидот

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Без македонски идентитет и јазик, ЕП го усвои Извештајот на Вајц за Северна Македонија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ