Во интервју за Топ Тема, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска зборуваше на повеќе теми меѓу кои и за тоа кое е значењето на пописот како операција за одбраната.
„Во однос на пописот како операција, тој прво има значење за се што се случува во државата вклучително и за одбраната. Сите методологии врз база на кои Министерството за одбрана треба да префрли пари на општините , како на пример за да ги финансираат своите противпожарни единици зависат од својата територија и од населението. Вие кога обезбедувате противпожарна екипа треба да знаете колкаво население опфаќа, а ова е само мал дел од прашањето за важноста на пописот. Ние, како во магла да треба да ги водиме политиките во државата без попис.“
„Ако тргнеме да ја анализираме опозицијата треба да ги крстиме „вмро подоцна“. Кога тргнавме за избори беше вмро подоцна и беа подоцна по нивно барање, избори во Штип, ставот на вмро дпмне беше исто подоцна. Кога сакаме да донесеме закон важен за целата држава, ставот повторно е подоцна и така купувајки време за два три месеци подоцна, оваа држава 20 години нема попис. И таа тенденција нема врска со прашањето на попис, туку со овој начин да се купува време и да се прават проблеми кои на крај сите ние ги плаќаме. Јас во животот не сум чула да постои бојкот на попис, после 10 години дискусија дека навистина ни треба попис. Целото ова однесување е исклучиво ради тоа што вмро дпмне чуствува дека, секогаш кога нешто позитивно се случува во државата тие губат“ – изјави Шеќеринска во однос на ставовите на опозијата за пописот.