• Latest

Шилегов: Скопје е во добра стартна позиција со три фундаментални мерки против загадувањето

September 11, 2019
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шилегов: Скопје е во добра стартна позиција со три фундаментални мерки против загадувањето

September 11, 2019 14:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Топловодната мрежа, гасоводот и новиот систем на јавен транспорт се три фундаментални проекти кои, за жал, главниот град во изминатите три децении ги пропуштил и сега живееме во последиците од таквото пропуштање, изјави градоначалникот Петре Шилегов.

Прашан за мерките за чист воздух во пресрет на грејната сезона, скопскиот градоначалник истакна дека овие три мерки се среднорочно решение на проблемот на загадениот воздух зашто, рече, аерозагадувањето не се решава преку ноќ.

-Град Скопје ја доби топловодната мрежа и за мене тоа е една од фундаментални мерки, го заокруживме гасоводниот прстен околу градот Скопје, стратегијата за секундарната и терцијарната гасификација се утврдува на државно ниво, но градот инфраструктурно е спремен да влезе во тие циклуси. Во финални преговори сме со Владата и за финансирање на новиот систем на јавен транспорт во нашиот град, рече Шилегов одговарајќи на прашање на прес-конференција посветена на новото издание на фестивалот МОТ.

Покрај овие, според него, фундаментални мерки, како четврти важен аспект, рече, треба да се додадат подобрените перформанси на градската инспекција.

-Градот е поставен во добра стартна позиција. На 19-ти имаме седница на Советот за градски енергетски системи, со што ќе отвориме формална можност да се јавиме ако апликанти пред Регулаторната комисија за да добиеме лиценца за дистрибуција, а по Нова година за снабдување. Така што, очекувам дека некаде кон крајот на оваа или почетокот на идната година, целосната контрола врз топловодната мрежа ќе ја преземе Град Скопје. Тоа го става градот во позиција да може да креира социјални програми што ќе може да им ги понудиме на граѓаните, за централното затоплување да биде еден од најеколошките и најевтините начини на затоплување на домовите, истакна Шилегов.

Во училиштата и градинките на Град Скопје се распределуваат инвентори, а со Владата ќе имаат работни средби за парични средства преку Електрани на Македонија за некои општини вклучително и во Град Скопје.

Зборувајќи за загадувањето на воздухот што е главен проблем на Скопје во зима, градоначалникот нагласи и дека треба да се зборува за Скопската Котлина, а не само за Скопје, затоа што, како што рече, нивни анализи покажуваат дека од околните општини Чучер-Сандево, Сопиште, Петровец, Илинден и Арачиново има сериозен инпут на загадување, а досега тие биле надвор од фокусот на јавноста и стручните лица. Додаде дека инсистира во  разговорите со Владата за вложување средства да бидат опфатени и тие општини за да може да се зборува за сеопфатност.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ