• Latest

„Шиптари”, „Шкије”, „Цигани”, „Ѓаури”, итн…

March 22, 2019
Лвив, Украине, 9 Мај 2025 (фото извор: Амб. на Украина)

(ИНТЕГРАЛЕН ТЕКСТ) Заедничка изјава од Состанокот на министрите за надворешни работи во Лвив за формирањето Специјален трибунал за злосторство агресија против Украина

May 9, 2025

Макрон: Путин е на страната на војната, сите што веруваа поинаку се одговорни за своите заблуди

May 9, 2025
Фото: Кабинет на претседателот

Украина ќе биде домаќин на средба на „Коалицијата на подготвените“

May 9, 2025

ЕУ ќе ја финансира украинската воена индустрија од замрзнатите руски средства

May 9, 2025
Супорт Кочани, фото Х

„Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“

May 9, 2025

(ВИДЕО) Со „Шерман“ повторно против фашизмот – на Илон Маск

May 9, 2025

24 ЧАСА: Европа посилна од Путиновата воена пропагандна парада; „Супорт Кочани“ со герила акција на плоштадот во Скопје: „Толку ли брзо нè заборавивте“; Уште едно убиство, застрелан турски студент во кафуле во Штип

May 9, 2025

Денот на Европа – сидро на стабилноста наспроти Путиновата пропаганда

May 9, 2025

Одбрана на демократијата: Обнова на довербата во демократските институции и процеси

May 9, 2025
Никица Корубин

(Де)исламизирана албанофобија

May 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Шиптари”, „Шкије”, „Цигани”, „Ѓаури”, итн…

March 22, 2019 10:48
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Во едно општество, од тие здравите општества, домашното воспитување кон децата од мали нозе е многу важен елемент. Децата се развиваат и надградуваат во духот на воспитувањето во нивните домови, а потоа од опкружувањето и училиштето.

Валбона Река

Да, опкружувањето може да ги скршне децата од домашното воспитување, но првичните идеи, ставови за прифаќање на различностите и почит кон истите не може никој и ништо да ги промени ако имаат цврсти домашни темели.  Воспитувањето е ланчан процес, родители воспитуваат деца, потоа децата растат стануваат родители, и доградувајќи се го пренесуваат воспитувањето кон нивните деца… Мислам дека некаде, во некој чекор од овој процес имаме голема стагнација во нашето општевство, или можеби така било, а јас не сум приметувала, бидејќи си бев малечка…  Денес приметувам.

Многу навреди, гнасотии, омраза по социјалните мрежи, но бога ми и во реалниот свет.  А јас, само во некои такви незгодни ситуации влетувам и не сакајќи станувам дел од случките, па како што сум избувлива кога ќе осетам неправда, бунтувам, и тоа гласно.

Пред некој ден влегуваме во банка со мојата мајка, нешто документи изгубила па сега мораме да трчаме по нови. Не дека таа не знае, напротив, таа е многу умна во години жена, стар ков од интелектуалците.  Но, ете, староста се препознава со тие први знаци на страв и несигурност.  Влегуваме, на двата шалтери двајца различни службеници. Шалтерскиот службеник што работи со нас го чита името и знае дека пред себе има Албанки.  Малку се чуди со нашиот беспрекорен македонски јазик (му се чита од мимиките на лицето) но, не знае дека  пред себе има пензионирана учителка по македонски јазик и нејзина ќерка која што без предрасуди беше воспитувана да го учи секој јазик што ќе и се даде прилика.  Другиот службеник сигурно појма немаше кој и што тоа сме ние.  Оддеднаш во банката влегува странка.  Младо дете. Зборува македонски, но со акцент, приметливо е дека не му е мајчин јазик.  Дечкото се труди-го говори јазикот!  Се вметна некако само со прашање, не дека сакаше преку ред да се турне.  Си кажа-имам само прашање. Збувна службеникот од другиот шалтер и му одржа долга лекција на однесување.  Многу грубо, навредливо, нељубезно и воопшто не наликуваше на однесување со странки.  Наликуваше и даваше вибрации на млад човек со предрасуди.  А одговорот беше многу лесен, само една реченица требаше да му се каже на клиентот.  Настапи збувнување и од страната на младиот клиент, му возврати на службеникот грубо, и службеникот возврати… И тука јас влегувам во сцена, на Албански кон младиот клиент-му ја кажав реченицата на одговорот во многу едноставно-јасен и културен тон.  “Благодарам” од него добив.  Си излезе тивко, видно навреден и повреден…

Тишина во банката, немаше никаков дијалог, само едно “пријатно” при нашето заминување, фала богу и возвратено.

Млади беа сите, и службениците и клиентот.  Само јас и мајка ми не бевме од младите.

Друг ден, постирам јас нешто на Фејсбук,  и оп-навреди.  Смирувам ситуација. Фрчат пежоративи-“шкије”, “шиптари”, “цигани”, “ѓаури”….Смирувам ситуација се до момент кога успевам да скротам ум.  Но, еден таков, нескротлив, продолжува со навредите.   Доаѓа до момент кога според него и јас сум една од “ѓаурите”.  А овој пежоратив, верувајте, го научив во мојата осумнаесетта годишна возраст, тогаш кога надворешните влијанија допираат повеќе од фамилијарните.  Но, никогаш, ама баш никогаш го немам употребено, знам само смешки да правам кога има место за хумор и тоа во тесен, мешан круг.  И нејсе, се разбира BLOCK!-на непроменливиот.  Си мислам, лесно е во виртуелниот свет, block-и повеќе не го гледаш, не го читаш некултурниот и полниот со предрасуди.  Но, како да се справиме со овие тешко променливи и погрешно воспитани поединци во реалниот свет!?

 

Print Friendly, PDF & Email
Share128Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ