• Latest
Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Шоку Павле

August 15, 2020

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025

ДКСК: Потребно е да се усогласи терминологијата во Изборниот законик за рамноправен пристап до платено политичко рекламирање за сите учесници

November 3, 2025

Според АВМУ, анализираните медиуми генерално известувале неутрално за учесниците во изборите

November 3, 2025

Раст на неважечки ливчиња на локалните избори во Северна Македонија: Тренд што го алармира изборниот систем

November 3, 2025
Фото: Министерство за култура на Украиан/Фејсбук

На Денот на борбата против неказнивоста за злосторства против новинари – 116 убиени, 26 заробени новинари од почетокот на целосната руска инвазија врз Украина

November 3, 2025
Британски Томахавк во лет. Повеќето Томахавки се поморско оружје, но постојат и опции за копно и за воздух. Фото: Кралска морнарица

Трамп „засега“ не размислува за трансфер на ракети Томахавк во Украина

November 3, 2025
Скриншот од видео на
ABC News (Australia)

Британец обвинет за масовниот напад со нож во воз во Англија

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шоку Павле

August 15, 2020 12:38
in СЛОБОДНА ЗОНА
Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Граѓаните за Македонија - „Доаѓаме“, Скопје, 17 мај 2015

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ДИЈАНА ТАХИРИ

Го исчитав отвореното писмо на Павле Богоевски адресирано до некои другари и другарки Албанци. Велам некои, бидејќи и по трет пат читање, не можев да ја одредам целната група кон која се однесува писмото, односно повикот, односно советот, односно прозивката.

Храброто отворено писмо на Павле Богоевски до Албанците, (другарките и другарите Албанци, како што се изрази), само по себе не е некоја новост во однос на мислењето за тоа како треба да се однесуваат немакедонците ( во овој случај Албанците), во однос на одредени општествени и политички појави, девијации итн., на  добар дел Македонци, а ова го велам заради реакциите на неговото писмо, пред се од Македонскиот дел на читателите, а и мал дел од читателите Албанци, меѓу коишто имам и многу блиски луѓе. Денешниов текст го пишував веќе по објавата на Богоевски, но сепак решив да почекам за да ги видам реакциите од читателите, и да ги споредам со мојата, иницијална реакција веднаш по читањето. Другите реакции, тие што не се сосема позитивни кон писмото, се појавија во текот на вчерашниот ден, но ќе го оставам Богоевски самиот, или преку пријатели да ги прочита и да донесе некаков заклучок.

Во обидот на Богоевски да биде другарот Македонец, и тоа прогресивен („прогресивен“ Македонец ( и не само)) е  термин  и модел што би сакала да ми се објасни и дешифрира како на двегодишно дете), не може а да не се забележи  супериорната поставеност кон и над  неговата целна група, а тоа се другарите и другарките Албанци. Но, за овој дел ќе образложам малку подолу во елаборацијата.

За почеток, ќе се осврнам на неговите прецизно запазени проблеми што ги предочува во текстот, со една забелешка, дека тие проблеми се однесуваат на целото општество, а не само кај Албанците. Како што на пример вели  дека „и Македонците ги боли тоа што Албанците вработени преку ДУИ не одат на работа во државната администрација, а земаат плата“.

Државната администрација по моделот на ДУИ и ВМРО, а којшто модел не се смени и по симнувањето на ВМРО од власт, е болка, или проблем на целото општество. Доколку Богоевски навистина има другари и другарки Албанци, ќе знае дека е и „наша“ болка. Како што е и подеднакво етнички распределениот  неспособен,  но арогантен шалтерско опслужувачки  кадар од таа администрација ( со минимални исклучоци).  Но, неинформираноста на Богоевски по овие и други прашања што се однесуваат на реагирањата или нереагирањата на другарите и другарките Албанци, веројатно потекнуваат од непознавањето на албанскиот јазик, а уште поверојатно од очигледниот факт дека баш и нема многу другари и другари Албанци.

Што се однесува до фамозниот Рамковен договор, околу кој уште долго ќе се кршат копја и којшто договор уште долго ќе се присвојува од различни политички и општествени формации, ќе кажам дека јас, како рамноправна граѓанка, не се чувствувам застапена со овој договор. Ќе речете, како тоа?

Охридскиот рамковен договор е последица од долгогодишната дискриминација на помалите етнички заедници во однос и од  доминантната, и како договор за, првично, процентуално застапување на помалите етнички заедници во сите општествени и политички сектори, како и употребата на јазиците – според процентуалната застапеност на одредени етнички заедници, дополнително ја загрозува и дискриминира мојата слободна волја да делувам и живеам како рамноправна граѓанка во мојата држава. Бидејќи моето егзистирање е сведено на потребен процент. Од друга страна, добро е што сепак се постигна еден таков договор, чисто заради утврдување на физичкото присуство и овозможување на привидно или делумно еднакви можности за сите. Придобивките од овој рамковен договор не се примат само на една етничка заедница, туку на сите заедници коишто ги нарекуваат малцинства. Тоа што одредени етнички заедници не посегаат по овие придобивки, е предмет за некоја друга дискусија.  И тука ќе застанам, за да се вратам на сузбивањето национализам кај ДУИ.

Како доследна протестантка којашто рамо до рамо со сите други протестирав за рушење на режимот на Груевски, за разлика од Богоевски и сите други борци и „првоборци“, јас, моето потесно и пошироко семејство, една бригада мои познаници, пријатели и блиски другари, протестиравме и за рушење на ДУИ. Ниту една рута од протестните маршеви не скршна од  зацртаниот пат, за да застане пред седиштето на ДУИ, иако беше побарано многу пати, од демонстрантите Албанци. Голем број од протестантите, а притоа мислам на сите подеднакво, сепак, останаа само како пратечка маса за прикажување, во однос на „водечките“ ликови.

А сега за Ахмети. Доколку некој мисли дека Ахмети е националист, длабоко греши. Знаете зошто.

Што се однесува до Алими, којшто е спомнат во текстот на Богоевски, истиот тој Алими можевме да го гледаме и да му се „восхитуваме“  по фотографирањата со Столтенберзи и високи македонски политичари во неговиот придонес кон отворањето врати кон ЕУ, како дел од делегација од тогаш актуелната владина коалиција. Ах, да, и во Ватикан. Да бевме сите заедно против ДУИ, како што не бевме, Алими и сличните нему веројатно нема да шетаа по Европа застапувајќи ни ги интересите!

Додека Богоевски ги бранел другарките Албанки ( што Алими и другите не ги бранеа а тоа имавме прилика да го забележиме јасно), еден Мукоски им ги отвори вратите на законодавниот дом на насилниците. Мукоски стана пратеник, во замена за глас. Чисто да се потсетиме.

За различното поимање на концептот „Едно општество за сите“, со Богоевски ( во случајов) можеби, ќе поразговарам на некоја ненамерна или којзнае можеби и намерна средба, со тоа што јас ќе го препознаам, а тој мене – нема.

И сега ќе се вратам на длабокиот впечаток на супериорната поставеност на Богевски над неговата целна група – другарите и другарките Албанци.  Вели –  „Морате да бидете свесни дека ако нема друг, прогресивен глас во албанските политички партии, Македонците ќе мислат дека националистите како Ахмети ги претставуваат сите Албанци и Албанки во нашата држава и дека политичките приоритети на сите Албанци се подеднакво радикални и националистички како приоритетите на оние кои тврдат дека ги претставуваат.“

Првиот впечаток од овој пасус е дека авторот се заканува. Но, доколку добро се прочита и анализира целото обраќање на авторот до Албанците(?!?), како бел ден излегува на површина неговиот супремациски однос кон истите тие што ги нарекува другари и другарки.

А јас ќе прашам, на кои Албанци мислиш, шоку Павле? Или беше – Македонци?

Share130Tweet82Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ