• Latest
Петрит Сарачини

„Што барате вие тука, господине Мицкоски“?

November 22, 2021

Трет извештај на ЦИВИЛ: Над 230 извештаи од теренот, случаи на ограничено гласачко право и партиски притисоци

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: До 17 часот гласале 39,28 проценти, во Скопје 28,52

November 2, 2025
Скриншот од видео на Hindustan Times

Турција го намалува увозот на руска нафта поради западните санкции

November 2, 2025

Втор извештај на ЦИВИЛ: Починати лица во Избирачкиот список, повреда на тајноста на гласањето, пријави за притисоци и непристапни избирачки места

November 2, 2025

ДИК: До 15 часот излезеноста 30,26 проценти, за Скопје 29,94 отсто

November 2, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

Неочекувана главоболка за Орбан – Трамп во офанзива против руската енергија

November 2, 2025

ДИК им ги одзеде акредитациите на осуммина домашни набљудувачи поради агитирање пред гласачко место

November 2, 2025
Скриншот од sec.mk

ДИК: Излезеноста до 13 часот е 19,96 проценти, во Скопје 15,28 отсто

November 2, 2025

Прв извештај на ЦИВИЛ: Изборниот молк масовно се крши, изборниот ден почна мирно

November 2, 2025
Скриншот од ТикТок

Aзискиот моден гигант Шеин обвинет за продажба на „с*кс кукли со детски изглед“ во Франција

November 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Што барате вие тука, господине Мицкоски“?

November 22, 2021 09:55
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Петрит Сарачини

Петрит Сарачини

Share on FacebookShare on Twitter

ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Христијан Мицкоски повеќе денови наназад ги крстосува општините, во кои неговата ВМРО-ДПМНЕ победи на локалните избори пред три недели. Уште неседнати асолно во канцелариите, градоначалниците на опозицијата се растрчани на терен, и заедно со партискиот лидер промовираат тековни проекти за изградба на канализации, патишта,  училишта, градинки…

Само во последниве неколку дена, Мицкоски заедно со градоначалниците од неговата партија се појави на такви настани во Кисела Вода, во Страчинци – Гази Баба, во Илинден, Охрид…

Во работни денови и работно време, цела недела, професорот од државен универзитет, платен со пари на граѓаните, во својство на лидер на опизицијата, оди на настани на кои се промовираат проекти што се градат од буџетите на општините и парите на сите граѓани, без оглед на партиската припадност.

Минатата недела, по настанот на Општина Кисела Вода за старт на изградба на фекална канализација, редакцијата на ЦИВИЛ Медиа упати прашање до ВМРО-ДПМНЕ и до Општината – во кое својство присуствуваше Мицкоски на настанот, како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, или како професор на државен универзитет, кој во работно време платено од граѓаните, присуствува на почеток на изградба канализација, платена со буџетски пари?

И после неколку дена, одговор на овие прашања нема, ниту од општината, ниту од ВМРО-ДПМНЕ.

Од владејачката СДСМ реагираа дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се фалат со проекти почнати од претходните градоначалници на СДСМ. Дел од јавноста, пак, фаќа сеир на „експресната“ брзина со која штотуку избраните општински челници по само неколку дена веќе најдоа прилики да се сликаат и промовираат.

Но,  недостасува гласност на голем дел од јавноста за главната и очигледна злоупотреба со оваа општинска турнеја на Мицкоски – злоупотреба на јавни проекти за партиска промоција.

Навистина, далеку сме од деновите кога овој тип на злоупотреба на власта беше редовна појава. Така беше во време на режимот на Груевски. Во последниве неколку години, со владите предводени од Заев, оваа појава се намали значајно, иако примери на такви злоупотреби се појавуваа, и беа жестоко критикувани од јавноста и граѓанскиот сектор.

Ваквите злоупотреби на власта повеќе години наназад се и законски недозволени за време на изборните периоди. Сепак, набуљудувачките организации како ЦИВИЛ, и понатаму, иако во намален интензитет споредено со периодот пред 2016 година, констатираа случаи на злоупотреба на власта на централно и локално ниво за партиско-политичка промоција.

Но, и овој пат, за разлика од случаите во кои се инволвирани функционери на СДСМ или ДУИ, кога таквите злоупотреби ги прави ВМРО-ДПМНЕ, таа гласна критика како да е отсутна.

Малку власт во рацете, макар и општинска, и Мицкоски ни покажува дека табиетот на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање не е сменет. Нема ниту напор да се објасни и да се одговори на легитимни прашања на јавноста. Наместо тоа, одговорот е игнорирање и селективен однос кон медиумите и терање по свое на сила. Баш како во времето на Груевски.

А наместо тоа, Мицкоски поголемиот дел од работната недела треба да го помине на Машинскиот факултет. За тоа го плаќаат граѓаните, а не за да се шета по општини и на настани за државни проекти да зборува за партиска политика.

Дел од јавноста сепак е буден, и кога гледа вакви злоупотреби прашува, и ќе продолжи да прашува: „Што барате вие тука, господине Мицкоски“?

Баш како во онаа рекламата во која Мицкоски премислуваше млада девојка на аеродром да не си оди од Македонија. Оти, ако се продолжи вака, тешко дека ќе остане некој во земјава, а не само младите.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    148 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    139 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ