• Latest
Добро утро со Орданоски

Што ќе беше да не беше 27 април?

December 19, 2018

24 ЧАСА: Родителите на жртвите од Кочани бараат објаснување од ОЈО; Тошковски тврди дека е намалена е стапката на криминал; Војната меѓу Израел и Иран – можност за Русија да продолжи со агресијата против Украина

June 16, 2025
Фото: Фејсбук

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали верувате дека стапката на криминалот е намалена?

June 16, 2025
Протест пред Уставниот суд на Србија, Белград, 11 јули 2024 (фото извор: скриншот од видео снимка на Алџезира Балкан)

Студентите ќе поднесат кривична пријава против Вучиќ

June 16, 2025

По 618 дена војна во Палестина, пратеникот Реџепи од Европскиот фронт поднесе Предлог-резолуција за хуманитарната криза во Појасот Газа до Собранието

June 16, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Трамп, Нетанјаху и Хамнеи – тројцата лути старци кои би можеле да нè убијат сите

June 16, 2025
Фото: ЦИВИЛ Медиа

Над 3.200 невработени лица се пријавиле за мерката самовработување

June 16, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Војната помеѓу Израел и Иран може да ѝ даде економски поттик на Русија за да ја продолжи агресијата врз Украина

June 16, 2025

РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид доби целосно реновиран и модерен објект со поддршка од Европската Унија

June 16, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Тирана домаќин на ПСЈИЕ; Косово без нов парламент и по 32 обиди; Судот во Хаг повторно му го продолжи притворот на Тачи

June 16, 2025

БДС поднесе жалба на отфрлената кривична пријава во ОЈО против Стоилковиќ за изјавата дека геноцидот во Сребреница е „некрофилски дизниленд“

June 16, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Што ќе беше да не беше 27 април?

December 19, 2018 07:45
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap font=”arial”]А[/dropcap]ко се суди според гласањето за (најновиот) Закон за амнестија, се остваруваат најавите дека зад промените на Уставот, како последна фаза од спроведување на Преспанскиот договор, можно е да застанат многу повеќе пратеници од неопходните 80. Всушност, таа бројка сега би можела да се движи и меѓу 90 и 100 пратеници.

Компромисите што се направија за да се стигне до такво мнозинство оставаат горчлив вкус во устите на многумина добронамерни, а и злонамерни проследувачи на македонската политика од сите сектори и провениенции во општеството. Повеќе морално-политички битанги веројатно ќе се спасат од заслужените правни последици за своите зли и насилни постапки низ коишто помина Македонија при конституирањето на легитимната власт во 2017 година, но во овдешниот политички резон, како што реал-политички стојат работите, и овој пат ќе превладее методот за остварувањето на „повисоката цел“ која ги оправдува средствата. За тоа е, практично, сè кажано во деновите зад нас.

Но, ако го вратиме „филмот“ пред дваесетина месеци, во неколкуте чина од драмата околу април 2017 година, вреди да се извлечат и неколку ретроспективни, поучни заклучоци.

Имено, замислете како ќе изгледаше Македонија доколку на 27 април, лани, ВМРО-ДПМНЕ не влезеше во познатата авантура со обидот за спроведување насилен државен удар? Замислете доколку, само со извесна доза на „мрчење“, се согласеа на конституирањето на Владата на СДСМ и ДУИ, наместо што ги послушаа советите и наредбите на очајниот Никола Груевски, во содејство со разни негови први соработници (сосе оној на Водно), за насилно да ја зачуваат власта во свои раце?

Нема сомневање, да не беше таа опасна операција, состојбата со ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе изгледаше сосема поинаку. Во Собранието ќе имаа коалиција која, плус-минус, ќе броеше педесетина пратеници, наместо сегашните дваесетина вмровци, колку што останаа под „капата“ на партијата. И од тие дваесетина, повеќето не се под контрола на нивниот партиски претседател, а половината се со кривични и политички „потерници“.

Да не го направеа 27 април, неоптоварена од насилствата, главната опозициска партија ќе имаше неспоредливо поголем маневарски политички простор дома, но уште повеќе надвор од државава. Од тогаш, наваму, нив никој не сака да ги види, како шуга да ги полазила. Политичките позиции ќе им беа многу покредибилни во сите аргументирања против политиките на власта, наместо вака, да се мотаат како мачки околу плот, бркајќи си ја опашката и докажувајќи дека насилниот патриотизам е легитимно средство во модерната политика… И заради 27 април, а и затоа што не смогнаа сила да ги осудат настаните и да се дистанцираат од нивните учесници, мисловно и идеолошки толку се занесоа кон десно, што ни зимски гуми не ги вадат од шарлатанската сцена на македонската крајна десница.

Да, веројатно дека и без 27-ми ќе продолжеа да се пазарат за криминалите што ги гони СЈО, но немаше, буквално, да се распаднат заради криминалите што ги гони Обвинителството за организиран криминал! Многу од нивните бивши функционери барем ќе можеа да изигруваат свенати жртви – сега се во судски процеси во кои никој жив не ги жали, дури ни нивните партиски колеги.

Уште поважно, партијата ќе имаше поголема можност, по шокот од губењето на власта, внатрешно кадровски да се престрои и политички да се консолидира и да се демократизира, како најдобар рецепт за подолго опозициско здравје. Вака, Мицкоски си игра Груевски, а Груевски ги остави на цедило. Театрално го исклучија Мијалков од партијата, а со Груевски останаа гушнати голи в кревет, додека овој не реши да им ја кидне среде ноќ низ прозорец, ги откачи како напуштени љубовници…

Потоа, колку нешто да прават, влегоа во спирала на конфузни, црни кампањи против „хунтата на Заев“ (пази, молим те!), речиси без никаква додадена вредност на очајната позиција во која се наоѓаат.

Всушност, во сегашното ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат играат на истата (погрешна) карта како и од самиот почеток на оваа грчко-македонска мелодрама со Преспанскиот договор: тие се обложуваат дека Договорот, на крајот, сепак ќе пропадне! Маргината за грешка во таа проценка сега веќе е гигантска, а шансите за остварување на нивната прогноза се многу мали. Таа погубна инерција, која е повеќе резултат на персонални суети и инает, одошто на промислена политика, ви е како кај коцкарите кои цела вечер губат на покер, но не престануваат да се надеваат дека до изутрина сепак ќе се извадат… Од таа коцкарска стратегија, по правило, најсреќни се лихварите.

Плус, доброволно, наспроти сите домашни и меѓународни напори за спротивното, останаа на маргината на македонскиот евро-атлантски процес, обвинети за анти-западни ставови, до овој момент без понуда на каква било одржлива алтернатива. Тоа ќе се памти и кога одамна ќе потонат во заборав сите сегашни анегдоти и фусноти од начинот на кој ќе помине целиот овој историски зафат.

ВМРО-ДПМНЕ ќе си го носи 27 април како воденичен камен околу вратот. И, згора на сè, она што остана од партијата, па ни за Законот за амнестија не гласаше! Бреееј, какви лузери…

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО ВО ЦЕЛОСТ, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. 

Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Авторот го нацрта: Игор Стевковски

 

Print Friendly, PDF & Email
Share462Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    500 shares
    Share 200 Tweet 125
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    223 shares
    Share 89 Tweet 56
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ