• Latest

Што нѐ чека по одморите?

August 5, 2019

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА БЛИЦ

Што нѐ чека по одморите?

Веќе од првиот ден на месец септември, земјата ќе влезе во неофицијална предизборна кампања која ќе трае до една година...

August 5, 2019 11:43
in БЛИЦ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: АРБЕН ЗЕЌИРИ

По завршување на летните одмори, од првиот ден на месец септември, земјата ќе влезе во неофицијална предизборна кампања која ќе трае до една година. Времетраењето на кампањата ќе зависи од интензитетот на истата како и од тоа кој ќе се покаже како поуспешен во текот на првите месеци. Ако власта успее да изврши дел од преостанатите задачи и што се очекуваат од неа во последната година од мандатот, изборите може да бидат редовни и кампањата да трае до следната есен. Ако нема конкретни резултати, тоа ќе оди во прилог на опозицијата која ќе го засили притисокот, ќе добие простор за антивладина кампања и ќе ги принуди партиите на власт да прифатат предвремени избори. Во првото сценарио изборите би се одржале до крајот на септември или почетокот на октомври, а според второто, опозицијата веќе ги одреди април и мај како пожелни датуми за предвремени парламентарни избори.

Златна шанса за економски развој

Од септември, од премиерот Зоран Заев ќе се очекуваат конкретни резултати на финансиски план откако тој пред одморите сам ги презеде финансиите во негови раце. Иако официјално не се именува како министер, владата му ги даде ингеренциите за финансиските политики. Неговото менаџирање со овој ресор се очекува да има влијание во економијата, растот на странските ннвестиции а главното прашање на кое ќе треба успешно да одговори ќе биде: кога и колку ќе се покачат платите во јавниот и приватниот сектор. Премиерот Зоран Заев како шеф на финансиите ќе треба да испорача резултати и во даночната политика.

За власта важни ќе бидат и потезите во другите сфери кои станаа актуелни последниот период. Правдата и правниот систем како најжешка тема ќе треба да истрпат реформи и да се испрати порака за владеење на правото. Донесувањето на квалитетен закон за Јавно Обвинителство, борба против криминалот и корупцијата, расчистување на сомнителните коруптивни случаи, реформи во судството и обвинителството  – се меѓу многуте очекувања на граѓаните за тие да се одлучат дали ќе продолжат да ја подржуваат власта.

Притисок од опозицијата и на лажните вести

Од Септември јавноста ќе се запознае најдобро што се тоа лажни вести, а зависно од ситуацијата може да падне и некоја жртва на новата алатка на специјалната политичка војна. Во последната година на овој владин мандат се очекува драстично зголемена активност на анонимни, па и официјални портали кои се служат со лажни вести, кои се цел ќе имат минимизирање на владините успеси и потикнување на гнев кај граѓаните против власта. Поголем дел од плодовите на оваа операција се очекува да ги искористи и опозицијата, која ако не друго, најмалку ќе се служи со темите кои ќе ги отворат креаторите на лажните вести. Од опозицијата не треба да се игнорира ниту можноста да ги опструира преговорите за законот Јавно Обвинителство и тие за Попис на населението. Неформирањето на новото Специјално Обвинителство како евентуалното неодржување на пописот ќе бидат огромен адут за опозицијата да заклучи дека власта пропаѓа. Вакви неуспеси може да се рефлектираат и врз евроинтеграцискиот процес, што ќе значи и губење на најважната карта на актуелната власт на следните избори. Успехот во преговорите на овие две теми ќе и даде на власта подобри позиции како во внатрешната јавност така и на планот на интеграциите, а добивањето на датумот за преговори со ЕУ ќе му даде право на власта да заклучи дека УСПЕАЛЕ во главната цел која беше како таква и најавена од минатата кампања.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share16TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ