• Latest
Фото: МЖСПП

Шукова: „Саса“ е пример како треба да се инвестира во животната средина

February 15, 2024

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и битка за секој глас – регистрирани 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026
СЛОБОДА | 23 октомври 2026 (фото извор: ФБ профил на претседателот на Украина, Володимир Зеленски)

По години заробеништво, враќање дома: Украина пречека 270 ослободени, рускиот терор продолжува

October 23, 2026
Паметен град на иднината: Вештачката интелигенција во служба на граѓан(к)ите и урбаниот развој. (Илустрација: ChatGPT / OpenAI, за CIVIL MEDIA TECH & AI FORUM)

Градови што размислуваат: Како вештачката интелигенција може да ни донесе почист воздух, помалку метеж и подобар живот

October 23, 2026

Бугарија в недела избира претседател-ка: Во трка се 27 кандидатски двојки

October 23, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична предизборна атмосфера

October 23, 2026

Топ 10 најмоќни економии во светот во 2026 година (ИНФОГРАФИК)

October 23, 2026

Руските напади сè повеќе се прелеваат надвор од Украина: Молдавија како нов фронт на хибриден притисок

October 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ ТЕМИ

Шукова: „Саса“ е пример како треба да се инвестира во животната средина

February 15, 2024 10:03
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ ТЕМИ
Фото: МЖСПП

Фото: МЖСПП

Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова денеска го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица, за кој во финална фаза е постапката за измена на А – Интегрираната еколошка дозвола, информираат од МЖСПП.

– Саса е добар пример како треба да се инвестира во животната средина и како со транзиција и примена на најдобрите достапни технологии може да се обезбеди одржливо искористување на природните ресурси и да се обезбеди економски бенефит, но не на штета на животната средина, истакна Шукова.

При посетата, министерката, од страна на дел од раководниот кадар на Рудник „Саса“, претставуван од техничкиот директор Борче Гоцевски, финансискиот директор Максим Наримбетов и раководителот на одделот за животна средина Марија Стојановска, беше информирана за промените во рамки на инсталацијата врз основа на кои е доставено барање за измена на А – интегрираната еколошка дозвола.

Како што информираа од Рудник Саса, во изминатите неколку години, во овој рударски капацитет интензивно се вложувало во различни области, вклучително и во животната средина. Капиталните инвестиции се во насока на развивање на безбедна, еколошки одговорна и стабилна работа на Рудник Саса и продолжување на „животниот век“ на рудникот.

– Во рамките на инсталацијата се имплементирани значителни промени во однос на унапредување на работните процеси со примена на најдобрите достапни технологии и сериозно се вложувало во обезбедување одржлив развој и унапредување на заштитата на животната средина, соопштуваат од МЖСПП.

Оттаму посочуваат дека, највлијателно е промената на методот на откопување со пополнување на празни простори, вклучително и промена на начинот на управување со флотациска јаловина.

– Тоа подразбира изградба на дополнители објекти потребни за имплементација на новиот проект, промена на начинот на управување со јаловината, изградба на низ нови постојки, како што се станица за подготовка на паста со придружни објекти и цевковод за транспорт на засипот, постројка за суво одлагање, реконструкција на магацин за опасен отпад, склад за отпад, нова погонска лабораторија и ред други, објаснуваат од Министерството.

Воведувањето на новиот метод на откопување на рудата и новиот начин на управување со јаловината, што се во согласност со најдобрите достапни технологии, според МЖСПП, ќе има повеќекратно позитивно влијание за натамошниот одржлив развој на рудникот САСА, одржување на високото ниво на безбедност, како и уште повисок степен на заштитата на животната средина.

Tags: САСАШукова
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ