• Latest
Зелената трансформација

Шукова: Зелената трансформација е голем економски потфат

January 9, 2024

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ: Руските хибридни операции во Северна Македонија

October 29, 2025
Војници на САД во базата на НАТО во Тапа-Естонија. Фото: Д. Мишев/Цивил

Романско МНР: САД планираат да намалат дел од трупите на источното крило на НАТО

October 29, 2025
Фото: МИА

ЕУ без консензус за Белорусија поради Унгарија

October 29, 2025
Руски извидувачки авион Ил-20 забележан од полските воздухопловни сили над Балтичкото Море на 28 октомври 2025 година. Фото: Оперативна команда на полските вооружени сили/X

Полски борбени авиони пресретнаа руски извидувачки авион над Балтичкото Море

October 29, 2025
фото: ВИ

Буџетот за 2026 под лупа: Фискална рамнотежа или нова зависност од кредити?

October 29, 2025

Директорот на Комунална хигиена поднесе оставка поради морални причини

October 29, 2025
Donald Trump, Xi Jinping
Source- Firstpost video screenshot

Разговорите на Трамп и Си би можеле да стават крај на месеците на глобален економски хаос

October 29, 2025

Во Црна Гора уапсени осум лица поради насилство и поттикнување национална и верска омраза

October 29, 2025
Совет за безбедност на ОН

Во ОН ќе се дискутира за ситуацијата во Босна и Херцеговина, Додик очекува поддршка од Русија

October 29, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Директорот и управителот на „Комунална хигиена“ добија 30 дена притвор

October 29, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Шукова: Зелената трансформација е голем економски потфат

January 9, 2024 19:51
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ПОЛИТИКА
Зелената трансформација
Share on FacebookShare on Twitter

Зелената трансформација претставува голем економски потфат и затоа една од главните цели на Европскиот зелен договор е да се обезбеди безбедна трансформација на посиромашните земји од високозагадувачки во екоодржливи, порача денеска министерката за животна средина Каја Шукова.

Министерката посочи дека поради тоа Владата ги следи препораките на договорот кој нуди ефикасна употреба на ресурсите со цел премин кон чиста циркуларна економија, меѓутоа во исто време и намалување на загадувањето.

–Денеска правиме една спојка помеѓу енергетиката и животната средина – колку е битно да вложуваме одржливо во енергетиката и на тој начин да ја заштитиме животната средина и тука ги следиме насоките. Она што оваа Влада го прави е секако промоција и инвестиции во одржливи извори на енергија. Тоа ни е потребно. Обновливи извори на енергија за да ги отстраниме  фосилните извори со време. Имаме високи амбиции во тој дел како држава. Рековме дека голем дел од фосилните горива ќе бидат вон употреба после 2030 година. Многу е битно да се вложува во обновливите извори на енергија, на тој начин и го намалуваме загадувањето, меѓутоа и ги заштитуваме нашите природни ресурси, рече Шукова на  панел- дискусија во Скопје рамки на владината кампања „Европска иднина, поблиску од кога било“.

Според Шукова, членството во ЕУ ќе ни овозможи пристап до финансиски средства што државата не може самостојно да ги обезбеди.

-Станувало збор за големи и скапи инфраструктурни проекти со кои треба да се постават модерни системи за пречистување на водите, ќе се воспостават регионални системи за управување со отпад што се засноваат врз селектирање, рециклирање и реупотреба на отпадот, ќе се обезбеди  финансиска и експертска поддршка во воспоставување на системите за одржливо управување со заштитени подрачја, но и во градење на човечки капацитети на локално и национално ниво. Главните придобивки од членството во ЕУ е што државата ќе обезбеди ресурси и експертска поддршка за обезбедување повисоки, современи стандарди на живеење на граѓаните, преку заштита на природните вредности, обезбедување чиста вода за пиење за секое населено место, одржливо управување со отпад и расчистување на дивите депонии, пречистување на отпадните води, заштита на водните ресурси, почвата и воздухот, појасни министерката.

Додаде дека водењето грижа за обезбедување здрава животна средина и раст и развој кој нема да е на сметка и нема да ја нарушува животната средина  се законски определени преку механизмите за оценка на влијанието на планови, програми и проекти врз животната средина.

-Во делот на спроведувањето на вака поставените законски барања, надлежностите се поделени, како и надзорот врз нивното спроведување. Оттука, можам да констатирам дека не се работи за имање или немање консензус во реализирањето на зелената и европска перпектива, туку се работи за почитување или непочитување на закони. Лично сметам дека постои консензус, особено во делот на стратешкото планирање и интегрирање на прашањата за пониско-јаглероден раст и зелен одржлив развој во останатите секторски политики, како земјоделството, енергетиката, туризмот, водните ресурси, рече Шукова.

Државниот советник за енергетика во Министерството за економија Исмаил Лума, пак, посочи дека приоритетите на Министерството во овој дел и полтиките на ЕУ се однесуваат на целосна декарбонизација на енергетскиот сектор. За таа цел, според него, треба да се преземат неколку мерки и активности во делот на стратешките документи, промена на легислативата, воведување на нови мерки за да се стимулираат инвестиции…

Научниот соработник на Македонската академија на науките и уметностите и ескперт во областа на енергетиката и животната средина д-р Александар Дединец  посочи дека Зелениот договор и сите акти на ниво на Европската унија се од големо значење за нашата држава.

-И да не постоеше Зелениот договор и да не постоеа сите акти на ниво на ЕУ ние ќе требаше да ги измислиме, затоа што се како креирани за нас. Секоја држава има свои специфики, меѓутоа мислам дека Македонија и сите држави заедно имаат една заедничка карактеристика, а тоа е преголемата увозна зависност и сигурноста во снабдувањето со енергија. Македонија во последните 20 години ја има зголемено увозната зависност, ако велиме дека енергетиката е столбот на државата, тогаш еден од столбовите малку ни се ниша, оцени  Дединец.

Панел-дискусијата има за цел да информира за потребата од засилена енергетска транзиција и изградба на цврст и одржлив систем на енергија од обновливи извори – сонце, вода и ветер и да се анализираат и дебатираат придобивките за граѓаните од ЕУ интеграцијата на земјата во однос на животната средина и ефектите врз енергетската транзиција во државава.

Настанот се организира во рамки на кампањата на Владата „Европска иднина, поблиску од кога било“ насочена кон придобивките од евроинтеграцискиот процес и членството во Европската Унија за македонските граѓани. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    132 shares
    Share 53 Tweet 33
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Лукоил ги продава своите филијали во странство по санкциите на САД, македонската подружница сé уште молчи за прашањата на ЦИВИЛ

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Изборите и коалицијата: ВЛЕН му го залула чунот на Мицкоски

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    127 shares
    Share 51 Tweet 32
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ